Последниот натпревар за Руни, Роналдо, Нејмар и Ибрахимовиќ
- Детали
- вторник, 10 јуни 2014
Последниот фудбалски натпревар е приказна за фудбалот во кој се ризикува сè и фудбалот во кој се игра позаштитнички, повнимателно, без влегување во ризици.
Со помош на клонирани фудбалери на моментално светски најдобрите фудбалери како Руни, Роналдо, Нејмар, Ибрахимовиќ, Иниеста и други, еден научник се обидува да докаже дека нема потреба да се ризикува, дека и без тоа може да се постигнат истите резултати.
Но, и овојпат се докажува она што го гледаме и во реалниот фудбал кога навистина играат, кога фудбалерите се вложуваат максимално.
За да се постигнат врвните резултати, за да се реализираат атрактивни голови, да успеат да ја водат топката по целиот терен и да се биде еден од светски најдобрите фудбалери, треба буквално да се ризикува сè.
Во секоја ситуација треба да дадат сè од себе по цена на повреди, загубени шанси, одбранети голови, но најважно е никогаш да не се откажат и да одат до крај, одново и одново.
Токму тоа го прават и овие фудбалери кои се дел од рекламата за нивниот спортски спонзор Nike, чие мото се согласува со нивното, а тоа е: Ризикувај сè!
Погледнете ја целата игра и ќе ја забележите разликата: