Програма за развој на УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски одржа работен состанок со високите гости од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА и Јан Лупеску, секретар на одделот на УЕФА на кои беа анализирани потребите на ФФМ во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот.

programa-za-razvoj-na-uefa-01

Претходно, гостите од УЕФА заедно со координаторот на нашите национални селекции, Зоран Стратев и младинските тренери го следеа тренингот на академијата на ФФМ на кои беа презентирани новите фудбалски правила кои веќе се применуваат во натпреварите од младинските конкуренции.

- Во нашата програма е предвидено да посетиме 20 национални асоцијации пред кои ќе ја презентираме новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Две национанални асоцијации ќе имаат можност да  работат според нашата програма која заеднички ќе ја имплементираме. Не радува тоа што Фудбалската федерација на Македонија веќе работи според дел од нашата програма, тоа за нас е многу важно бидејќи ни треба партнер кој веќе ја има поставено базата. За ФФМ тоа е фудбалската академија и младинските селекции, а наша цел е да ви помогнеме во целост да ги реализирате тие проекти и заеднички да се радуваме на новите  играчи кои ќе ги создадеме во иднина. ФФМ има филозофија за работа со млади категории, знаеме дека започнавте и со спроведување на Националната програма за развој на младинскиот фудбал. Ние нема да ви наметнуваме нов начин и друга филозофија на работа, само ќе се обидеме да ви помогнеме да го остварите зацртаното низ семинари на кои ќе учествуваат ваши тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите. Позитивно сме изненадени од вашата грижа за најмладите, за фудбалската академија, за детската лига, ги слушнавме идните планови за зголемување на бројот на паралелки за фудбалска академија, сето тоа е дел од вредностите на УЕФА и среќни сме што ФФМ ги прифаќа. Целта на овие проекти е тактички, технички и физички да бидеме многу посилни по нивното завршување. Овие проекти имаат цел да помогнат преку  методологијата на работа која сметаме дека носи позитивни резултати и да им наметнат самодоверба на тренерите и играчите за идните големи работи кои им следуваат, изјави Јан Лупески.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ја потенцираше важноста која ФФМ им ја дава на младите, но напомена дека ни е потребна поддршка од УЕФА во однос на едукацијата на тренерите кои работат со младите фудбалери.

- ФФМ ги прифаќа принципите на УЕФА, а основниот е „Фудбалот на прво место“. За нас е многу значајно што УЕФА ја препознава нашата желба да го направиме многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но наша задача е постојано да ги развиваме, унапредуваме и преиспитуваме содржините на програмата за работа на академијата. Рековме дека нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина. Заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт поддржани од УЕФА мислам дека ќе успееме во таа намера. Пред гостите од УЕФА ја презентиравме програмата, се запознаа со условите за работа, побаравме помош во однос на работата со млади категории, ни треба европското искуство за работа на тренери со млади категории и тренери за физичка подготовка. Ова е нов одличен проект, ФФМ ја заработи почитта од УЕФА благодарение на проектите кои веќе ги реализираше и се надевам дека повторно ќе ја добиеме поддршката која е многу значајна не само за академијата туку и за националните селекции. Искрено се надевам дека ќе бидеме дел од овој проект на УЕФА,  изјави Ѓорѓиоски.

programa-za-razvoj-na-uefa-02

На состанокот во „Куќата на фудбалот“, високите гости од УЕФА ја презентираа програмата пред селекторите во младинските национални селекциии и тренерите од фудбалската академија.

Би можело да ве интересира:

Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Вирална фотка од 2007-ма: Меси го држи во раце Ламин Јамал, најмладиот фудбалер кој постигнал гол на... Кога Џоан Монфорт пред 17 години го фотографирал Лео Меси со бебе во рацете, не ...
Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg