Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Да ја бодриме најталентираната македонската фудбалска репрезентација!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на Националната арена „Филип Втори“ ќе ги игра своите квалификациски натпревари против Азербејџан и Норвешка со реални шанси преку поволен резултат да се приклучи кон врвот на табелата во квалификациската група.

da-ja-bodrime-najtalentiranata-makedonska-fudbalska-reprezentacija-01

Репрезентацијата е составена од можеби најталентираната генерација на млади фудбалери досега. Тим кој цели 18 месеци немаше пораз во официјален квалификациски циклус и кои реално има шанси да се квалификува на европското првенство, што ќе биде од исклучителна важност за понатамошниот развој на овие фудбалери.

Да им дадеме подршка на нашите млади фудбалери, да го подигнеме заедно чувството за припадност кон нашата татковина, заедно да победуваме. Репрезентацијата отсекогаш била сцената на која македонците го потврдувале талентот и квалитетот, но со помош и поддршка од публиката, секако дека полесно ќе успееме. На младите фудбалери и тоа како им е потребна поголема самодоверба и мотивација. На овие години тоа може да биде потстрекот за еден голем исчекор напред, затоа ја повикувам публиката да дојде и да ги бодри, така ќе се чувствуваат важни и ќе го дадат својот максимум, изјави  селекторот Бобан Бабунски.

Развојот на младите категории, како и подобрување на инфрастуктурата е приоритет на Фудбалската федерација на Македонија. Се следат европските и светските трендови кога станува збор за младите категории, а во таа насока е и новоформираната селекција до 16 години, детските лиги и други проекти насочени кон младите. Голем дел од нефудбалските расходи на федерацијата се намалуваат, а средствата се пренаменуваат во младите категории.

Натпреварот Македонија - Азербејџан, се игра во петок, 15 ноември, во 17.00 часот, а со Норвешка идниот вторник, 19 ноември, во 19.30 часот.

Влезот за двата натпревари е слободен.

За натпреварите од тековните квалификации, Бобан Бабунски повика 24 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дени Илиев (Арсенал, Англија), Андреја Ефремов (Металург, Скопје)

Одбрана: Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Стефан Ашковски (Доњи Срем, Србија), Христијан Драгарски (Пелистер), Висар Муслиу (Ренова), Дино Најдоски (Работнички), Стефан Ристовски (Латина, Италија), Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Александре Дамчевски (Криенс, Швајцарија)

Среден ред: Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија ЃП), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Наумчевски Филип (Хоризонт Турново), Николов Бобан (В.Констанца, Романија)

Напад: Дориан Бабунски(Реал Мадрид, Шпанија, Марјан Радевски (Металург), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Дарко Велковски (Работнички), Маркоски Кире (Работнички)

- Не очекуваат два исклучително важни натпревари. Нашите абмиции за висок пласман зависат од резултатот од натпреварите против Азербејџан и Норвешка. Ги анализираме гостинските пресметки во Баку и Драмен и ќе се обидеме подобро да ја составиме екипата, да ги утврдиме добрите работи и на тој начин да ја поставиме играта. Поединец во екипата не значи ништо, само ако работиме заедно ќе се врати успехот во репрезентацијата. За нас е многу важно на теренот да изгледаме како вистинска екипа која знае што сака. Јасно е дека сите ќе имаат свои задачи и никој нема да има потполна слобода да може да работи тоа што ќе посака. Во подготвителниот период сите ќе мора да се докажат и да се изборат за настап. Инсистираме на одговорност и дисциплината како на натпреварите, така и на тренинзите. Мотивот е секогаш присутен, во наредните неколку денови сите мора да работиме напорно и да ја достигнеме најдобрата форма, само на тој начин можеме до победа, изјави Бобан Бабунски.

Би можело да ве интересира:

Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Даниела Алексовска е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН во ММА! Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европс...
Андреј Крамариќ од Хрватска, Диого Коста од Португалија: Кои се 10-те најсекси фудбалери на Еуро 202... Ако до неодамна Кристијано Роналдо важеше за еден од најзгодните фудбалери во Ев...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg