Шпионирање со дрон, силувач во одбојкарскиот тим на Холандија – Најголемите скандали од Олимписки игри 2024

Иако Франција потроши 1,5 милијарди долари за да ја исчисти Сена во Париз, пливачите сепак не можат да се натпреваруваат во реката поради зголеменото ниво на бактерии, како ешерихија коли. Засега, еден натпревар е одложен.

shpioniranje-so-dron-siluvach-vo-odbojkarskiot-tim-na-holandija-najgolemite-skandali-od-olimpiski-igri-2024-01.jpg

Настани со голем размер како Олимписките игри е практично невозможно да поминат без скандали и контроверзии.

На овогодишните Олимписки игри во Париз учествуваат 206 држави и има над 10.000 натпреварувачи.

А, контроверзиите почнаа уште пред отворањето на Игрите на 26-ти јули.

Дел од контроверзиите што се случија досега на Олимписките игри во Париз:

Шеги за чистењето на Сена

Пред Олимписките игри, француските власти потрошија дури 1,5 милијарди долари за да ја исчистат Сена.

Парижаните беа гневни за ова бидејќи иако со години молеле некој да ја исчисти реката, властите ги игнорирале, сè до игрите.

Од друга страна, се дискутираше за тоа дали со чистењето бил загрозен живиот свет во реката.

На крај, некои пливачи се пожалија дека не се чувствувале добро по пливањето, а едно натпреварување беше откажано бидејќи реката сепак не е чиста.

„Париз потроши 1,5 милијарди долари за да ја исчисти Сена за Олимписките игри.

Но, поради обилниот дожд изминатиот викенд, водата од канализацијата заврши во реката, па пливањето беше забрането поради високо ниво на ешерихија коли“, гласи една Твитер објава. 

На Твитер почнаа и да се шегуваат за реката:

„Победникот на триатлонот по пливањето во Сена“.

Шпионирање со дрон

Можеби најголемиот скандал од овогодишните Олимписки игри се случи уште пред нивниот почеток.

Имено, Канаѓанец беше фатен како користи дрон за да шпионира тренинг на женскиот фудбалски тим од Нов Зеланд.

Неговата соба била пребарана и биле најдени снимките, по што тимот од Канада беше казнет и му беа одземени поени.

Дел од тренерите добија едногодишна забрана за работа.

shpioniranje-so-dron-siluvach-vo-odbojkarskiot-tim-na-holandija-najgolemite-skandali-od-olimpiski-igri-2024-02.jpg

Церемонијата за отворање предизвика низа негативни реакции

На церемонијата за отворањето навистина имаше сè – од настапот на Селин Дион и Лејди Гага, до необични перформанси.

А, можеби најмногу контроверзии предизвика перформанс за кој многумина мислеа дека е инспириран од „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

Дел од јавноста сметаше дека со танчарите, меѓу кои имаше и таканаречени drag queens (мажи во раскошна женска облека), всушност е навредено христијанството.

Сепак, подоцна организаторите изјавија дека перформансот воопшто не алудирал на „Тајната вечра“, туку црпеле инспирација од грчката митологија, поточно Дионис, грчкиот бог на виното.

shpioniranje-so-dron-siluvach-vo-odbojkarskiot-tim-na-holandija-najgolemite-skandali-od-olimpiski-igri-2024-03.jpg

Забраната за хиџаб наиде на критики

Франција им забрани на француските спортистки да се натпреваруваат на Игрите со хиџаб или да ја покријат главата од верски причини.

Најмногу критики за забраната дојдоа од натпреварувачки кои носат хиџаб.

Дел од нив истакнаа дека треба да имаат право да избираат дали ќе носат хиџаб или не, а со забраната, тие се дискриминирани.

shpioniranje-so-dron-siluvach-vo-odbojkarskiot-tim-na-holandija-najgolemite-skandali-od-olimpiski-igri-2024-04.jpg

Јавачка беше дисквалификувана поради контроверзно видео

Четири дена пред отворањето на игрите, британската јавачка Шарлот Дужардин беше дисквалификувана откако во јавност се појави видео на кое таа безмилосно удира коњ.

Таа изјави дека видеото било снимено пред неколку години и дека „направила грешка додека го тренирала коњот“.

Шарлот досега има освоено шест олимписки медали, но годинава беше дисквалификувана, а наводно истрагата за видеото уште трае.

shpioniranje-so-dron-siluvach-vo-odbojkarskiot-tim-na-holandija-najgolemite-skandali-od-olimpiski-igri-2024-05.jpg

Продолжува на следнатра страница...



Би можело да ве интересира:

На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg