Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го победи Ѓоковиќ на Вимблдон?
-->
Мајка му, Вриџинија Гарфиа, го опишува Карлос само со три збора: благородно, добро и мошне мило дете.
Уште еден интересен момент што привлече внимание кај светската јавност е тоа што младиот тенисер со години живее во многу скромен дом. Фотографиите од дрвениот бунгалов со големина од 90m2 беа објавени во повеќето шпански медиуми, а тој вели дека оваа куќичка е идеална за неговите потреби.
Во академијата на Карлос Фереиро, Алкараз имал можност да се запознае и да соработува со голем број звучни имиња од светот на тенисот кои со своите совети му помогнале да оствари високи резултати.
-->
Токму во академијата, тој ја запознал и неговата поранешна девојка, студентката по правни науки Марија Гонзалес Хименез, која исто така тренира тенис.
Но, нивната врска очигледно не траела долго затоа што на почетокот на годинава даде интервју за Vogue каде откри дека веќе 18 месеци нема девојка.
„Комплицирано е тоа што никогаш не си долго на едно место. Тешко е да ја најдеш личноста со која ќе можеш да споделиш сѐ, ако постојано си во различни делови од светот“ – рече тој.
По големиот број победи, Карлос денес на својата сметка има милиони и се верува дека неговото богатство во моментов изнесува околу 14 милиони долари.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол?
„За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар...
Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин...
Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“
„Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата
Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ...
Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите!
Браво...