Брус Вилис радосно дува свеќи, сопругата Ема плаче – семејството го прослави 68-иот роденден на актерот (фото+видео)

„Денес му е роденден на мојот сопруг. Го почнав утрото со плачење“, вели сопругата на Брус Вилис во емотивно видео за неговиот 68-ми роденден. Деми Мур, пак, сподели емотивно видео на кое актерот е пресреќен додека семејството му пее роденденска песна пред да ги дувне свеќите.

brus-vilis-radosno-duva-svekji-soprugata-ema-plache-semejstvoto-go-proslavi-68-iot-rodenden-na-akterot-foto-video-01.jpg

На 19-ти март Брус Вилис го прослави 68-иот роденден, а Деми Мур сподели слатко видео од прославата во домашна атмосфера.

Сопругата на актерот, пак, сподели две видеа – едно со емотивен говор и едно со инсерти од нивниот заеднички живот.

Во видеото на Деми Мур, актерот е опкружен со неговото семејство кое му ја пее Happy Birthday.

brus-vilis-radosno-duva-svekji-soprugata-ema-plache-semejstvoto-go-proslavi-68-iot-rodenden-na-akterot-foto-video-09.jpg

Брус изгледа пресреќно додека ја слуша песната, а на крај дувна и свеќички.

„Среќен роденден Брус! Мило ни е што прославивме со тебе денес. Те сакаме и го сакаме нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и убавите желби – ги чувствуваме“, стои во описот.

Во првото видео од сопругата Ема Хеминг, таа зборува за актерот и предизвиците што ги носи неговата дијагноза.

„Денес му е роденден на мојот сопруг. Го почнав утрото со плачење, како што можете да познаете од моите отечени очи и растечен нос. Мислам дека е важно да ги видите сите страни на ова.

Секогаш добивам пораки или луѓето секогаш ми велат ’Многу си силна, не знам како успеваш‘. Немам избор. Посакувам да имав. Но, исто така се грижам за две деца. Па, некогаш во животот треба да се однесуваме како возрасни и да се фатиме за работа. И, јас го правам тоа.

Но, секој ден имам тажни моменти. Секој ден жалење. И, навистина го чувствувам тоа жалење денес, на неговиот роденден. Направив уште едно видео за роденденот на сопругот. Не знам зошто го правам кога видеата се како нож во моето срце.

Но, колку што го правам за мене, го правам и за вас. Бидејќи, знам колку вие го сакате мојот сопруг. Тоа ми значи многу, па ви благодарам“, вели таа.

brus-vilis-radosno-duva-svekji-soprugata-ema-plache-semejstvoto-go-proslavi-68-iot-rodenden-na-akterot-foto-video-02.jpg

И описот на видеото нема да ве остави рамнодушни:

„Денес е еден од оние денови кога ја чувствувам тагата. Но, добрата страна е што имам среќа да ги чувствувам вашите топлина и љубов кои се насочени кон мојот сопруг и нашето семејство.

Ги гледам вашите пораки, објавите што ги споделувате и сè што можам да ви кажам е благодарам. Вашата поврзаност ми помага и се надевам дека вам ви помага тоа што знаете дека ве гледам и го разбирам вашето патување“.

Втората објава на Ема е спој од видеа од патувањата и најважните моменти од животот со Брус, како раѓањето на нивните деца и миговите со нив.

„Тој е чиста љубов. Многу е сакан. И секогаш ќе го сакам. Среќен роденден сладок мој. Мојата роденденска желба за Брус е да продолжете да се молите за него бидејќи неговата чувствителна душа го чувствува тоа.

Ви благодарам многу што го сакате и се грижите за него“, стои во описот.

Нормално, и ќерките на актерот го одбележаа роденденот со Инстаграм објави.

Талула Вилис сподели неколку фотки од актерот, со опис:

„Се чувствувам преплавено со сета добра енергија и љубовта насочена кон овој Вилис! Го сакам и тој ме сака мене – колку прекрасно!“

brus-vilis-radosno-duva-svekji-soprugata-ema-plache-semejstvoto-go-proslavi-68-iot-rodenden-na-akterot-foto-video-03.jpg

brus-vilis-radosno-duva-svekji-soprugata-ema-plache-semejstvoto-go-proslavi-68-iot-rodenden-na-akterot-foto-video-05.jpg

Другата ќерка, Румер, го сподели истото видео што го сподели Деми Мур, додека ќерката Скаут објави ретро фотка од неа и татко ѝ.

„Среќен роденден до еден од моите најдобри пријатели. Која привилегија е да го имам овој маж за татко и да научам толку многу за животот, радоста, пакостите и уметноста преку него.

Денес не е лесен ден, бидејќи е полн со длабока љубов, а нашата тага навистина ја покажува длабочината на љубовта кон некого. Тагата е цената што секогаш ќе ја плаќам за да знам како е да се чувствува таква љубов“, пишува Скаут.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg