На 2 години мајка ѝ ја шминкаше и носеше во солариум – денес има 18 години и не сака да слушне за избор на Мис
Која е Иден Вуд, некогаш најубавото девојче на светот?
Родена е 2005-та година.
Кога Иден имала 2 години, нејзината мајка Мики решила да ја направи кралица на убавината.
Мики почнала да ја шминка и фотографира својата ќерка и да ја носи на разни натпревари за убавина, па Иден преку 300 пати во четири години била прогласена за најубавото девојче во САД.
Поради нејзината убавина, но и амбицијата на мајка ѝ, Иден доби понуда да учествува во популарното американско реално шоу „Toddlers and Tiaras“.
Тука беа прикажани нејзиниот живот на изборите за убавина и нејзините достигнувања.
Иден имала рутина за убавина до која морала да се придржува. Мајка ѝ постојано ја носела во солариум, ѝ давала да јаде само нискокалорична храна, а за да биде секогаш насмеана и добро расположена, ја терала да пие енергетски пијалаци.
Освен тоа, постојано носела свечени фустани, се шминкала и секогаш имала фризура.
Иако Мики беше задоволна од својата ќерка, но и од парите што ги заработуваа на изборите, јавноста ги осудуваше неа и сите жени што од 2 или 3 години ги пријавуваат децата на избори за убавина.
Често имало и инциденти, кога Мики не била задоволна од однесувањето на Иден, па ја малтретирала, влечела и тепала. Во еден момент, Мики била предупредена дека ако не го смени однесувањето, социјалните служби ќе ѝ ја одземат ќерката.
Мики, пак, тепањето го објаснувала со фактот дека на тој начин ќе ја направи да биде отпорна на стресни ситуации во животот, но и дека луѓето се љубоморни на нејзината убава ќерка.
Кога Иден наполни 6 години и преку 300 натпревари за убавина, решила дека сака да прекине, бидејќи е изморена.
Денес таа живее едноставен живот и вели дека веќе никогаш не планира да се пријави на избор за убавина.
А. Ј. | Црнобело