На 2 години мајка ѝ ја шминкаше и носеше во солариум – денес има 18 години и не сака да слушне за избор на Мис
- Детали
- сабота, 18 март 2023
Иден Вуд веќе не е девојчето кое повеќе од 300 пати учествуваше на изборите за детска убавина во САД. Таа неодамна наполни 18 години и веќе не сака да чуе за извбори за Мис. Но и понатаму има специфична убавина споена со детски шарм. Косата ја бои руса, а поради продорно сините очи, ја нарекуваат жива Барби. Која е Иден Вуд, некогаш најубавото девојче на светот?
Иден Вуд, која многупати беше прогласена за најубаво девојче на светот, неодамна го прослави својот 18-ти роденден.
За забавата избра син фустан, а имаше и розова торта, поради што многумина ја споредија со девојчето кое на 2 години почна да учествува на избори за убавина, a постојано беше нашминкано, со „екстензии“ во косата и одеше на солариуми.
Откако детството го помина во центарот на вниманието, Иден денес не е толку активна на социјалните мрежи и во медиумите. Ја следат преку 72 илјади луѓе на Инстаграм, но таа ретко споделува со нив дел од својата приватност.
Во едно интервју кажа дека причината за тоа е преголемата медиумска изложеност што ја имала кога била дете. И дека и денес ѝ е тешко кога ќе се сети на своето најрано детство и на сите избори за убавина на кои учествувала.
И покрај тоа, Иден не се откажува од манекенството, па повремено прифаќа помали модни ангажмани.
Се проба и како актерка, па доби неколку помали улоги во релативно непознати серии. Таа напиша и автобиографска книга во која раскажа за своето детство.