„Не ја обвинувам Џенифер Гарнер за пиењето, Џеј Ло сака да ми помогне“ – Бен Афлек отворено за алкохолизмот
На Греми наградите, Бен Афлек изгледаше како да му е навистина здодевно и, како многупати претходно, стана меме.
Во интервјуто, тој открива дека не му пречи што е меме, но и дека навистина си поминал добро на доделувањето.
„Ми беше забавно на Греми наградите. Сопругата требаше да оди и си помислив дека ќе има убава музика. Веројатно ќе биде забавно. На доделувања на филмски награди, има само говори. Но, сметав дека ова ќе биде забавно“.
Во врска со видеото на коешто изгледа како да се расправаат со Џеј Ло, Бен Афлек вели дека всушност се шегувале.
The way Jlo and Ben didn’t know they were being filmed 💀😂 #GRAMMYs pic.twitter.com/wgZCxTyNGK
-->-->— BravoBabe (@thebravobabe_) February 6, 2023
Тој истакнува и дека не бил пијан на доделувањето како што им изгледаше на многумина.
„Видов дека се доближува водителот Тревор Ноа и ги видов камерите, но не знаев дека снимаат. Тогаш ѝ реков на Џенифер дека штом ќе почнат да снимаат, јас ќе се потргнам за таа да биде сама до Тревор.
Таа ми рече: ’Да не си се помрднал‘. Тоа е само нормален однос помеѓу сопруг и сопруга“.
„Сум бил на настани и сум бил гневен. Сум одел и ми било здодевно. Сум одел и сум бил пијан неколкупати. Никој никогаш не забележал дека сум пијан. Но, за Греми наградите сите велеа дека сум пијан. И мислам дека тоа е интересно.
Ова ве тера да размислувате дали е паметно или не да си ја признаете зависноста, бидејќи има многу сочувство, но има и многу стигма, која често може да биде пречка. Не им дозволува на луѓето да си ги подобрат животите“.
Спирова С. | Црнобело