„Не ја обвинувам Џенифер Гарнер за пиењето, Џеј Ло сака да ми помогне“ – Бен Афлек отворено за алкохолизмот

„Снимањето на филмот Justice League беше многу тешко. И, почнав да пијам многу. Бев во хотел во Лондон - беше или пиењето, или да скокнам од прозорецот. Си помислив: ’Ова не е животот што го сакам. Моите деца не се овде. Мизерен сум‘“, вели актерот за еден од потешките периоди од неговиот живот.

ne-ja-obvinuvam-dzhenifer-garner-za-pienjeto-dzhej-lo-saka-da-mi-pomogne-ben-aflek-otvoreno-za-alkoholizmot-01.jpg

Во интервју за The Hollywood Reporter, Бен Афлек откри зошто бил мизерен на Греми наградите и што мисли за тоа што стана популарно меме.

Истовремено, прозборе и за проблемите со алкохолизмот и сподели зошто пред година-две ја обвини Џенифер Гарнер за неговите пороци.

Бен Афлек планираше да режира филм со Бетмен – лик што самиот го глумеше неколкупати. Но, снимањето на последниот филм со популарниот суперхерој го натерало да се откаже од намерата.

Филмот Justice League, во кој Бен го глуми Бетмен, се снимаше во 2016 година, а поради бројните проблеми на сетот, актерот повторно почнал да пие.

„Овој филм ме натера да се откажам. Тоа беше најлошото искуство што сум го видел во бизнис кој изобилува со лоши искуства“.

ne-ja-obvinuvam-dzhenifer-garner-za-pienjeto-dzhej-lo-saka-da-mi-pomogne-ben-aflek-otvoreno-za-alkoholizmot-04.jpg

Наводно, проблемите почнале кога првичниот режисер на филмот – Зек Снајдер – се откажал од филмот по смртта на неговата ќерка.

Па, кога дошол нов режисер, морале да се преснимуваат многу сцени, а биле направени и бројни промени во сценариото.

„Беше многу тешко. И, почнав да пијам многу. Бев во хотел во Лондон - беше или пиењето, или да скокнам од прозорецот. Си помислив: ’Ова не е животот што го сакам. Моите деца не се овде. Мизерен сум‘“, открива актерот.

ne-ja-obvinuvam-dzhenifer-garner-za-pienjeto-dzhej-lo-saka-da-mi-pomogne-ben-aflek-otvoreno-za-alkoholizmot-05.jpg

На прашањето зошто нема Инстаграм како сопругата Џеј Ло, актерот сподели дека многупати работите што ги кажувал биле погрешно сфатени. Па, ова го натерало да стане позатворен.

Една од овие работи е неговата изјава во интервју од 2021 година, кога актерот кажа дека пиел поради бившата сопруга Џенифер Гарнер. Бен го искористи новото интервју за да си ја поправи грешката:

„Да бидам јасен, само јас сум одговорен за моето однесување. Поентата што пробав да ја изнесам тогаш беше тажна. Секој кој минувал низ развод се запрашал ’Колку се обидувавме?‘ Ние се сакавме. Се грижевме еден за друг. Се почитувавме еден со друг“.

ne-ja-obvinuvam-dzhenifer-garner-za-pienjeto-dzhej-lo-saka-da-mi-pomogne-ben-aflek-otvoreno-za-alkoholizmot-03.jpg

„Тогаш сакав да кажам: ’Пиев многу. Колку понесреќен стануваш, без разлика дали поради работата или бракот, како што животот ти станува потежок, почнуваш да правиш повеќе нездрави работи за да ја исполниш празнината во тебе‘.

Мислам дека бев јасен за тоа. Но, беше погрешно сфатено и не беше важно колкупати кажав дека ’Не се чувствувам така и не ја обвинувам поранешната сопруга за мојот алкохолизам‘.

Па, да. Тешко е. Но, како и да е, Џенифер Лопез ми вели: ’Опушти се. Биди свој. Забавувај се. Ти си забавна личност и само изгледаш како да си многу сериозен‘.

За многу нешта, таа е навистина во право. И, ме сака. Се грижи за мене. Пробува да ми помогне. Па, можеби треба да почнам да ја слушам“.

ne-ja-obvinuvam-dzhenifer-garner-za-pienjeto-dzhej-lo-saka-da-mi-pomogne-ben-aflek-otvoreno-za-alkoholizmot-12.jpg

Актерот откри и какво влијание имало врз него тоа што почна јавно да зборува за алкохолизмот:

„Станав (не по моја желба) заштитно лице на алкохолизмот и отрезнувањето. Најдоброто нешто во сето тоа е што некогаш луѓето ми се јавуваат и ми велат: ’Можеш ли да ми помогнеш?‘ И се чувствувам добро кога го правам тоа.

Често им велам на луѓето дека нивната зависност не мора да излезе во јавност. Не мора да му кажат на никого. Постои причина зошто средбите се анонимни. Секогаш се анонимни“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg