Потрошил цело богатство за да не ја загуби косата, носи шорцеви од 650 евра – Како Роби Вилијамс ги троши милионите?
- Детали
- недела, 26 март 2023
Има богатство од 300 милиони долари, а поседува колекција од луксузни автомобили иако нема возачка дозвола и не знае да вози. Роби Вилијамс благодарение на успешната музичка кариера живее во луксуз, а погледнете на што троши најмногу пари.
Кога Роби Вилијамс се родил во 1974-та година, неговите родители имале паб.
Тие се развеле кога пејачот имал само 3 години, а неговиот татко Питер Конвеј одлучил да се фокусира на кариерата како стенд ап комичар и пејач.
За време на летните распусти, Роби постојано го следел неговиот татко на настапите и уште од мали нозе се вљубил во уметноста, музиката и публиката.
На возраст од 10 или 11 години, тој знаел што сака да биде кога ќе порасне.
Роби ја започнa кариерата како проблематичното момче во познатиот бенд Take That, а по распаѓањето на бендот успеа да изгради успешна соло музичка кариера.
Шест од неговите албуми влегоа во листата на 100 најпродавани албуми во Обединетото Кралство, а во 2006-та година освои Гинисов Рекорд за најпродавана музичка турнеја, кога успеа да продаде 1,6 милиони билети во еден ден.
Привлекуваше внимание со своето проблематично однесување, отворено зборуваше за проблемите со пороците, а во последните 13 години целосно е посветен на сопругата Ајда Филд со која доби 4 деца и ужива во животот во Лос Анџелес, САД.
Благодарение на богатата музичка кариера Роби успеа да заработи богатство од околу 300 милиони долари, што му овозможуваат денес да живее удобен живот, на висока нога.
Прочитајте и Го спасила од мизерија, ја оставал трипати, а таа останала со него – Роби Вилијамс и Ајда слават 11 години брак
Како познатиот британски пејач ги троши парите:
Во 2013-та година, Роби кажа дека имал процедура за трансплантација на коса затоа што му било „здодевно“, но во 2022-ра откри дека морал да потроши вистинско богатство за инјекции што го спречуваат опаѓањето на косата.
Пејачот во една прилика призна дека благодарение на тоа што живеел во Лондон немал потреба никогаш да научи да вози и дека до денес нема возачка дозвола. Но, тоа не го спречува да купува луксузни автомобили.
Тој вели дека во еден ден потрошил 1 милион долари на повеќе автомобили што денес се дел од неговата колекција. Пејачот откри дека инспирацијата за тоа ја добил од Елтон Џон.