„Ми кажа дека ќе биде со мене до крај“ – Како Мајкл Џ. Фокс ја возвишува сопругата која 30 години му помага да живее со Паркинсонова болест?

„Знаев дека може да биде само полошо. Мојата дијагноза беше конечна, но не се знаеше како ќе се развива болеста. Мојата сопруга ми даде јасно до знаење дека ќе биде со мене до крај“ – со овие зборови актерот Мајкл Џ. Фокс ја величи својата сопруга Трејси Полан која 30 години му е потпора додека тој живее со Паркинсова болест.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-01.jpg

Пред неколку месеци го фотографираа со инвалидска количка на плажа, како му помагаат да се движи и да стане, но актерот Мајкл Џ. Фокс повторно застана на нозе, со посебна цел – да го промовира својот најнов документарен филм Still: A Michael J. Fox Movie, на филмски фестивал во Тексас, каде го придружуваше и неговата сопруга Трејси Полан.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-08.jpg

Актерот кој се прослави со улогата во филмот „Враќање во иднината“ веќе 30 години се бори со Паркинсонова болест, а во рамки на промоцијата повторно одговараше на прашања поврзани со неговата здравствена состојба, па рече:

„Паркинсовата болест е тешка, но имам прекрасен живот. Не жалам за ништо. Го правиш тоа што мора да го направиш, но не сакаш да се убиеш себеси. Тогаш престанав со тоа што го правев.“

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-02.jpg

Тој упати моќна порака до сите што се соочуваат со ваков тип на болест и им се заблагодари на обожавателите, кои му го вратиле животот.

„(Само)сожалувањето е скриен начин на злоупотреба. Можам да се сожалувам себеси, но немам време за тоа. Постојат многу работи што може да ги научиме од ова, па ајде да го направиме тоа и да продолжиме понатаму“.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-07.jpg

Прочитајте и Битката на Мајкл Џ. Фокс со Паркинсонова болест: „Ја имам од 29 години, постојано паѓав и кршев коски, но сега можам да одам сам“

Во продолжение неколку интересни факти за љубовната врска на Мајкл Џ. Фокс и Трејси Полан:

На актерот на 29 години му била дијагностицирана болеста, но тоа не го спречи да живее исполнет живот. Тој е во брак со сопругата Трејси Полан од 1988-ма година, а заедно го добија синот Мајкл (33) и ќерките близначки Аквина Кејтлин и Шајлер Франсес (28), како и 21-годишната ќерка Есме Анабел.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-16.jpg

Тие двајца се запознале во 1985-та година кога играле заедно во филмот Family Ties.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-10.jpg

На почетокот нивната љубов била платонска, затоа што и двајцата биле во врска со други луѓе во моментот, но 3 години подоцна повторно се сретнале за време на снимањето на филмот Bright Lights по што брзо започнале врска.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-11.jpg

По седум месеци врска, парот одлучил да стапи во брак во 1988-ма година и оттогаш па до денес се заедно.

„Трејси му дава на нашето семејство сѐ што му треба. Сѐ што е добро во нашето семејство, доаѓа од неа“ – рече во една прилика актерот.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-12.jpg

Неговата сопруга застанала до него во моментот кога ја добил дијагнозата.

„Ми рекоа дека имам уште само 10-тина години за да работам. Тоа беше ужас. Тоа се случи. Најтежок дел од мојата дијагноза е да ја прифатиш неизбежноста на дијагнозата и неизвесноста на целата ситуација.

Знаев дека може да биде само полошо. Мојата дијагноза беше конечна, но не се знаеше како ќе се развива болеста. Мојата сопруга ми даде јасно до знаење дека ќе биде со мене до крај“ – рече тој.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-17.jpg

Мајкл Џ. Фокс во 2000-та година основаше своја фондација што треба да им помогне на луѓето што се борат со оваа болест, а иако има голем број периоди на падови, тој и понатаму продолжува да работи и да твори и собира сила да застане пред своите обожаватели и публиката и да го промовира тоа што го сработил, додека неговата сопруга и понатаму е тука за да му даде поддршка.

mi-kazha-deka-kje-bide-so-mene-do-kraj-kako-majkl-dj-foks-ja-vozvishuva-soprugata-koja-30-godini-mu-pomaga-da-zhivee-so-parkinsonova-bolest-04.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg