Битката на Мајкл Џ. Фокс со Паркинсонова болест: „Ја имам од 29 години, постојано паѓав и кршев коски, но сега можам да одам сам“

Мајкл Џ. Фокс, најпознат по улогата во Back to the Future, беше дијагностициран со Паркинсонова болест на само 29 години. Поради болеста, тој речиси целосно се откажа од актерката кариера, но и успеа да собере над 1 милијарда долари за да им помогне на другите како него.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-01.jpg

Ако се сеќавате на култната трилогија Back to the Future, тогаш сигурно се сеќавате и на Мајкл Џ. Фокс – актерот кој го глумеше младиот Марти Мекфлај.

Веруваме и дека се сеќавате на хумористичната серија Spin City која се емитуваше и на нашите телевизии. И овде Мајкл Џ. Фокс имаше една од главните улоги.

Во краткиот период додека беше активен во филмската индустрија, Мајкл успеа да стекне статус на еден од најдобрите холивудски актери и сите му предвидуваа блескава кариера.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-03.jpg

Но, само што го достигнуваше врвот на својата слава, актерот мораше да откаже многу ангажмани бидејќи му дијагностицираа Паркинсонова болест, и тоа на само 29 години.

Актерот е роден во Канада, а на 15-годишна возраст ја добил првата улога во канадска телевизиска серија. Во 1979-та, на 18-годишна возраст, тој решил да се пресели во Лос Анџелес со цел да стане актер.

Неговата прва значајна улога е во серијата Family Ties која се емитуваше од 1982 до 1989 година.

Оваа улога му донесе три Еми награди, како и Златен глобус.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-04.jpg

Во меѓувреме, во 1985 година, Мајкл ја доби главната улога во филмот Back to the Future. Тој го глумеше Марти Мекфлај – тинејџер кој патува низ времето.

Филмот се претвори во трилогија и благодарение на забавната приказна, но и одличната изведба на Мајкл Џ. Фокс и колегата Кристофер Лојд, стана еден од најпопуларните во светот.

Всушност, до денес трилогијата ја нема изгубено популарноста и има огромен број фанови.

Оваа улога го направи Мајкл светски познат и веќе стана јасно дека го очекува блескава кариера.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-02.jpg

Актерот почна да се појавува и во други филмови, вклучувајќи ги Teen Wolf, Light of Day, The Secret of My Success и Casualties of War.

Во 1996 година, тој доби една од главните улоги во хит-серијата Spin City. Но, тогаш никој не знаеше дека тој веќе имал дијагноза за Паркинсонова болест, уште од 1990-та кога имал само 29 години.

Серијата се емитуваше од 1996 до 2002 година, а актерот откри дека има Паркинсонова болест во третата сезона. 

Веќе во четвртата сезона, односно во 2000 година, Мајкл сподели со јавноста дека се повлекува од серијата поради болеста.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-06.jpg

И покрај болеста, актерот успеваше да се појавува како гостин не само во Spin City, туку и во други серии како Scrubs, Boston Legal и Rescue Me.

Во меѓувреме, тој се обидуваше да ја зголеми свеста за болеста и досега успеа да собере над милијарда долари за истражувања. 

Целиот живот актерот ја има и поддршката на неговата сопруга – Трејси Полан – со која е во брак уште од 1988 година.

Тие имаат и четири деца за кои велат дека се нивното најголемо богатство.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-12.jpg

Во 2020 година, Мајкл сподели дека ќе престане со сите ангажмани и повеќе нема да прифаќа улоги бидејќи болеста веќе му предизвикува проблеми и со зборувањето.

Набрзо потоа тој издаде и книга во која го опишува неговото искуство со болеста, а неодамна даде и интервју за People каде што зборува за најтешките мигови од неговиот живот.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-08.jpg

Актерот открива дека иако целиот живот се соочува со предизвици, најтешкиот период од неговиот живот почнал во 2018 година.

Тогаш актерот имал ризична операција на ’рбетот со цел да му отстранат тумор.

Речиси веднаш по операцијата, си ја скршил левата рака. Како ова да не бил доволно, нештата само се влошувале.

„Потоа си скршив коска на образот, потоа раката, па рамото, ми ставија вештачко рамо, а потоа си го скршив лактот. Имам 61 година и болката е малку поинтензивна“, вели актерот за People.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-05.jpg

Мајкл открива дека Паркинсоновата болест има огромно влијание врз неговата способност за движење, па оттаму сите повреди. Сепак, тој истакнува дека ова не значи дека болеста напредува.

„Моментално закрепнувам од последните повреди кои зараснуваат – раката ми е добро. Животот е интересен. На пример, сега мисијата ми е да не паднам. Па, користам што било за да не паднам – бастун, инвалидска количка, помош од некој друг“.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-13.jpg

Сепак, актерот има и добри вести – вели дека повеќе не зависи толку многу од помагала за одење.

Всушност, тоа одлично го демонстрира на емотивната средба со Кристофер Лојд – колегата од Back to the Future.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-09.jpg

„Почнувам повторно да одам стабилно. Мислам дека е кул што можам да одам сам. Тоа е фантастично“.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-11.jpg

Во интервјуто за People, Мајкл вели дека во најтешките мигови, неговата сопруга му била најголемата поддршка, но и дека неговата болест била огромен предизвик за нив двајцата.

„Ми требаше многу време да сфатам дека не сум важен само јас. Ако си ја скршам раката, јас се справувам со скршената рака.

Но, ако вие живеете, ја сакате и ја поддржувате личноста која си скршила раката, тогаш вие мора да правите сè“.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-07.jpg

Сега актерот е сигурен дека него и семејство ги очекуваат само добри денови.

„Борбата беше тешка, но среќен сум. Го велам ова надевајќи се дека ќе им помогнам на луѓето да најдат среќа без разлика низ што минуваат“.

bitkata-na-majkl-dzh-foks-so-parkinonova-bolest-ja-imam-od-29-godini-postojano-pagjav-i-krshev-koski-no-sega-mozham-da-odam-sam-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg