Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Ал Пачино (82) на гости кај бившата, додека е во врска со 54 години помлада девојка – Бурниот љубовен живот на актерот

Кејтлин Квинлан

По разделбата со Марта, актерот две години беше во врска со Кејтлин Квинлан.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-06.jpg

Линдал Хобс

Линдал, која е режисерка и новинарка, го запозна актерот во 1982-ра и тие беа заедно подолг период.

По раскинувањето, таа изјави дека актерот бил здодевен и невротичен, но и дека сакал да има секс постојано.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-07.jpg

Џан Тарант

Не е познато кога точно почнала врската на Ал Пачино и Џан, но во 1989 година тие ја добија ќерката Џули Мари. Џан се држи понастрана од јавноста и речиси и да нема фотки од неа и актерот.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-08.jpgАктерот со ќерка му

Беверли Д’Анџело

Актерот и Беверли беа заедно подолг период и во 2001-ва заедно добија близнаци, но никогаш не се венчаа.

Нивната разделба беше бурна, најмногу поради старателството над децата.

Во 2003-та, додека траеше судењето, Беверли го обвини актерот дека бил „маж кој сака да контролира и кој нема сменето ниту една пелена“.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-09.jpg

Лусила Сола

По Беверли, актерот почна да се гледа со многу помлади жени. Во 2009-та тој почна врска со Лусила која е 36 години помлада од него.

Парот се раздели во 2015-та, а во 2018-та ѝ дадоа уште една шанса на врската. Но, не издржаа заедно.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-10.jpg

Меитал Доан

Парот ја почна врската кратко откако Ал Пачино се раздели од Беверли, но набрзо потоа раскинаа поради возрасната разлика од 39 години.

„Пробав да го игнорирам тоа, но да бидам искрена, тој веќе е многу постар маж. Па, дури и со целата моја љубов, не издржавме“.

Меитал сподели и дека тој воопшто не сакал да троши пари и единствено ѝ купувал букети.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-11.jpg

Нур Алфала

29-годишната Нур е најмладата девојка што ја имал актерот – возрасната разлика помеѓу нив е буквално половина век.

Не е познато кога ја почнале врската, но според извори блиски до актерот, тие се зближиле за време на пандемијата.

Се чини возраста навистина не претставува проблем за младата Нур, бидејќи таа беше во врска и со Мик Џегер.

Тогаш фронтменот на Rolling Stones имаше 74, а таа – 22 години.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg