Ал Пачино (82) на гости кај бившата, додека е во врска со 54 години помлада девојка – Бурниот љубовен живот на актерот

Ал Пачино беше забележан како излегува од домот на поранешната девојка Лусила Сола која е 36 години помлада од него. Но, ова не е неговата најмлада девојка – моментално тој е во врска со 29-годишната Нур Алфала. Што знаеме за бурниот љубовен живот на актерот?

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-01.jpg

Ал Пачино и неговата поранешна девојка Лусила Сола раскинаа во 2015-та, но неодамна беа забележани заедно.

82-годишниот актер моментално е во врска со друга жена и наводно помеѓу него и Лусила не се случува ништо, туку само се многу добри пријатели.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-13.jpg

Актерот и поранешната девојка беа забележани пред нејзиниот дом каде што Ал Пачино бил на гости.

Од фотките се гледа дека Лусила навистина се грижи за актерот. Додека тој излегуваше од дворот, таа му го држеше чадорот и потоа внимателно му помогна да влезе во автомобилот.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-14.jpg

„Многу се блиски, но не им било судено да бидат заедно. И двајцата се посветени на нивната работа, па одржувањето врска отсекогаш им било тешко“, сподели извор близок до актерот кратко откако се разделија.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-15.jpg

Инаку, Лусила е мајка на Камила Морон – поранешната девојка на Леонардо ди Каприо.

Возрасната разлика помеѓу актерот и Лусила е голема – 36 години – но ова не е најмладата девојка што ја имал актерот.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-17.jpg

Всушност, неговата сегашна девојка има само 29 години.

Во продолжение, нешто повеќе за девојките на Ал Пачино:

Џил Клејбур

Пред да стане светски познат, Ал Пачино пет години беше во врска со актерката Џил Клејбур.

Во 1970-тите тие живееја заедно, но актерот ја оставил без навидум никаква причина.

Џил почина од леукемија во 2010 година.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-02.jpg

Тјусдеј Велд

Актерот и Тјусдеј се гледаа кратко во 1972 година, а според некои извори, тој ја напуштил Џил токму поради неа.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-03.jpg

Дајен Китон

Дајен и Ал Пачино се запознаа во 1971 година и веднаш почнаа врска. Се разделија, но потоа повторно се смирија.

Всушност, тие раскинуваа и се смируваа сè до раните 1990-ти.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-04.jpg

Марта Келер

Актерите се запознаа на снимање и беа заедно од 1977 до 1979 година.

al-pachino-82-na-gosti-kaj-bivshata-46-dodeka-e-vo-vrska-so-54-godini-pomlada-devojka-burniot-ljuboven-zhivot-na-akterot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg