Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Си купи ски-центар, изгради мини град за никој да не го вознемирува кога е на риболов - Како ги трошел Брус Вилис парите?

Луксузен имот на Туркс и Кајкос, сопствен ски-центар, мини град каде може да оди на риболов без никој да го вознемирува. Брус Вилис е еден од најпознатите актери во светот кој за време на својата кариера заработил многу, а не штедел на оние работи што навистина го правеле среќен. Колку пари заработил познатиот холивудски актер за време на својата кариера и на што трошел најмногу пари?

si-kupi-ski-centar-izgradi-mini-grad-za-sebe-ima-impresivna-kolekcija-avtomobili-na-shto-go-troshi-brus-vilis-bogatstvoto-od-milioni-01.jpg

Денес Вилис има вкупно богатство што се проценува на 250 милиони долари, а парите најмногу ги трошеше на коли и мотори, недвижнини, лични задоволства, но и во хуманитарни цели.

Холивудската ѕвезда Брус Вилис со месеци се бори со деменција поради која не го препознава семејството, делува дезориентирано и скоро и да не се појавува во јавноста.

И покрај болеста со која се соочува, Вилис важи за една од најпопуларните филмски ѕвезди, кој во кариерата заработил 250 милиони долари.

Брус Вилис се прослави со серијата „Moonlight“ со Сибил Шепард. По успехот на детективската серија, кариерата му тргна по нагорна линија. Тој го сними серијалот „Die Hard“, но и хит филмот „Sixth Sense“, најуспешниот во неговата кариера.

Брус Вилис не е само глумец. Тој работеше како продуцент, а издаде и музички албум со десет песни.

Во продолжение да видиме на што потрошил најмногу пари:

Во соработка со француска компанија за алкохолни пијалаци во 2009 година почна да произведува вотка од висока класа и неколку видови ликери. Но, бизнисот тргна надолу четири години откако компанијата наиде на финансиски проблеми.

si-kupi-ski-centar-izgradi-mini-grad-za-sebe-ima-impresivna-kolekcija-avtomobili-na-shto-go-troshi-brus-vilis-bogatstvoto-od-milioni-02.jpg

Низ годините трошеше многу пари и на недвижнини. Тој купи луксузен имот на брегот на островот Туркс и Кајкос, а потоа го продаде за 33 милиони долари во 2020-та година.

Вилис купи и огромен имот во Бедфорд, Њујорк, кој вклучуваше неколку куќи за гости, тениско игралиште, кошаркарско игралиште, базен и приватно езеро.

Во 1990 година во Ајдахо тој го купи ски-центарот Soldier Mountain.

si-kupi-ski-centar-izgradi-mini-grad-za-sebe-ima-impresivna-kolekcija-avtomobili-na-shto-go-troshi-brus-vilis-bogatstvoto-od-milioni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg