Збунето гледа кон папараците, го одмина автомобилот – ретко појавување на Брус Вилис по дијагнозата со деменција (фото+видео)
- Детали
- петок, 03 март 2023
Брус Вилис изгледаше збунето на првото појавување во јавност откако неговото семејство откри дека има деменција и дека честопати не ги разбира што му зборуваат. Неговата сопруга сподели дека најмиле искусна терапевтка, благодарение на кој актерот сигурно ќе има среќен и исполнет живот, без разлика на болеста.
Брус Вилис беше забележан во Калифорнија, првпат откако неговото семејство откри дека има фронтотемпорална деменција.
67-годишниот актер се пензионира минатата година, по дијагнозата со афазија. Тој најпрво покажувал симптоми на оваа болест, а потоа било утврдено дека има фронтотемпорална деменција, која е всушност вид афазија.
Брус беше снимен како купува кафе, а потоа и како оди кон автомобил со двајца пријатели.
Во еден миг, актерот збунето погледна кон папараците и го одмина автомобилот, а едниот од пријателите го насочи кон него, по што актерот влезе внатре.
Видеото со Брус почнува од 38-ма секунда.
https://www.youtube.com/watch?v=nXgE83a39bc
Извори блиски до актерот открија дека симптомите му се влошуваат и дека во поголемиот дел од времето не ги разбира саканите.
Неодамна, неговата сопруга сподели дека најмиле искусна терапевтка за деменција која им е од огромна помош во овој тежок период.
Подоцна и терапевтката даде комплимент за сопругата на актерот и нејзината грижа кон него.
„Ема завршила одлична работа со поддршката што му ја дава на Брус и создаде околина која му го овозможува она што му е потребно за да живее добро“.
Терапевтката откри и дека со поддршката што ја добива Брус, голема е веројатноста да има среќен и исполнет живот.
„Честитки до Ема и целото нејзино семејство за напорната работа и посветеноста. Навистина се неверојатни“, додава таа.
Спирова С. | Црнобело