Семејството на Брус Вилис тешко се справува со неговата болест: „Не разбира што му зборуваат, но го препознава гласот на Деми Мур“
- Детали
- недела, 19 февруари 2023
„Деми Мур е во постојан контакт со Брус и неговата сопруга. Ја користи секоја можност да минува време со него. Ако не е таму, се јавува на телефон само за Брус да го слушне нејзиниот глас. Брус не зборува многу и изгледа како да не разбира голем дел од она што му го кажуваат другите“, открива извор близок до актерот.
По лошите вести за дијагнозата со деменција на Брус Вилис, извор близок до актерот вели дека неговото семејство тешко се справува со ситуацијата.
Изворот вели и дека во овој тежок период, неговата сопруга Ема уште повеќе се зближила со Деми Мур која постојано ѝ помагала.
Наводно, актерот уште го препознава гласот на бившата сопруга Деми Мур, па таа постојано разговарала со него.
Иако на моменти Брус немал допир со реалноста, некогаш сепак бил свесен и сакал да биде присутен кога неговата ќерка ќе се породи.
За потсетување, ќерка му Румер Вилис неодамна сподели дека е бремена.
„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја можност да минува време со него. Ако не е таму, се јавува на телефон само за Брус да го слушне нејзиниот глас.
Брус не зборува многу и изгледа како да не разбира голем дел од она што му го кажуваат другите“, открива изворот за Radar Online.
Бидејќи состојбата на актерот брзо се влошувала, целото семејство пробува да минува што е можно повеќе време со него.
„Го ценат секој заеднички миг. Брус е убеден дека ќе остане свесен што е можно подолго, за неговиот нов внук да има барем некои среќни сеќавања од дедо кој бил присутен и активен во неговиот живот.
Има денови кога семејството гледа нешто од стариот Брус, но тие стануваат поретки“.
„Се чини дека актерот повеќе и повеќе се оддалечува од нив, а ова им го крши срцето. На постарите ќерки им недостасува стариот Брус – оној кој се шегуваше со нив за нивните момчиња и им даваше совети“, додава изворот.
Спирова С. | Црнобело