Трагичната приказна зошто Морган Фримен носеше црна, сатенска ракавица на Оскари 2023 (фото)
- Детали
- понеделник, 13 март 2023
Морган Фримен на доделувањето на Оскари 2023 ја придружуваше Марго Роби на сцената, а сите забележаа дека на левата рака носеше црна сатенска ракавица. Но, ова не беше само дел од неговиот аутфит, туку постои посебна причина заради која тој мора да носи ваков моден додаток. Знаете ли која е трагичната приказна зад тоа?
Морган Фримен (85) се појави на сцената на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскари 2023, а ја придружуваше актерката Марго Роби и заедно ја одбележаа 100-годишнината од формирањето на компанијата Warner Bros.
Во црн смокинг, актерот изгледаше мошне софистицирано, но сите забележаа дека на левата рака носи црна сатенска ракавица, која мора да ја носи на себе од здравствени причини.
Ракавицата е задолжителен дел од неговиот аутфит во последните 15 години.
Тој во 2008-ма година имал сообраќајна несреќа и се здобил со тешки повреди заради што постојано мора да носи компресивна ракавица, којашто му овозможува нормална циркулација на крвта во левата рака.
Непосредно по несреќата актерот даде изјава во која рече:
„Имав повреда на нервите и состојбата не ми се подобри. Не можам да ја движам раката. Ако не ја движите раката, тогаш таа ќе отече. Дали знаете дека ги движите рацете по милион пати дневно?“
Иако лекарите се надеваа дека состојбата кај актерот ќе се подобри, сепак левата рака сѐ уште му е неподвижна, а постојано мора да носи компресивна ракавица заради циркулацијата.
Б. С. Б. | Црнобело