Ја критикуваат затоа што не сака деца, по големиот број врски остана сама – Бурниот љубовен живот на оскаровката Мариса Томеи

„Не знам зошто жената мора да има дете за да се чувствува исполнето“ - рече во една прилика актерката Мариса Томеи. Животот го посвети на кариерата, а беше во врска со повеќе познати холивудски актери и заводници. Со кои актери беше таа во врска?

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-01.jpg

Една од омилените холивудски актерки од почетокот на 2000-тите години, Мариса Томеи, избра да биде сама и никогаш да не роди дете. Нејзината изјава дека жената не мора да има деца за да биде исполнета, и денес јавноста ја коментира со доза на осуда и неприфаќање.

Мариса Томеи (58) за многумина е вистински скапоцен камен на Холивуд. Но, таа никогаш не била вистинска ѕвезда, ниту пак глумица чие име се врзувало за скандали. И покрај тоа важи за една од најхаризматичните дами во Холивуд.

Иако сите нејзини улоги беа толку големи и значајни како онаа во филмот My Cousin Vinnie, за која доби Оскар пред две децении, Томеи постојано снима.

А публиката ја сака и поради интересниот изглед и слободното однесување пред камерите.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-20.jpg

Актерката никогаш немала деца, ниту била мажена и покрај тоа што излегувала со неколку холивудски ѕвезди.

Мариса Томеи еднаш рече дека никогаш не размислувала за живот во кој ќе биде мајка и сопруга и дека не разбира зошто е тоа толку потребно.

„Не знам зошто жената мора да има дете за да се чувствува исполнето“ - рече таа, па ја осудија.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-21.jpg

Сепак, нејзиниот љубовен живот е далеку од мирен. Низ годините имаше бројни врски со актери, музичари, филмски работници, но сите завршија неславно.

Мариса беше во врска со глумецот Џош Рандор неколку месеци во 2014-та година.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-02.jpg

Претходно озборувањата за љубовниот живот на Томеи го вклучија нејзиниот колега од филмовите Spiderman, Логан Маршал Грин, за кого се зборуваше дека ѝ е свршеник.

Но нејзиниот ПР за медиумите ги демантираше гласините за нејзината свршувачка. Двојката се забавуваше од 2008 до 2013 година.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-03.jpg

Во 2006 година, Томеи беше во љубовна врска со режисерот Николас Карпентер, но и таа беше неуспешна и парот раскина во 2008 година.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-04.jpg

Во 2004 година, се шпекулираше дека Мариса Томеи се забавува со Лени Кравиц. Никогаш не ја потврдија врската.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-05.jpg

Во 2003 година Мариса се гледаше со Николас Слејтер, со кого глумеше заедно во филмот Untamed Heart.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata06.jpg

Мариса во 1999 година кратко се забавуваше и со глумецот Дејна Ешбрук, кој се прослави со серијата Twin Peaks.

ne-znam-zoshto-zhenata-mora-da-ima-deca-za-da-se-chuvstvuva-ispolneto-oskarovkata-marisha-tomei-nikogash-ne-se-omazhi-a-zhivotot-go-posveti-na-karierata-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg