Го победи ракот, а на 39 станала „секси баба“ – Каде е и што прави денес актерката што ја играше Руби?
- Детали
- недела, 12 март 2023
На 19 години добила син, а по него не сакала ниту да помисли да има уште едно дете. На 39 години синот станал татко, а таа била прогласена за најсекси баба – Каде е денес и што прави Барбара Мори, актерката што ја толкуваше главната улога во серијата „Руби“?
Во времето кога беа мошне популарни латино американските ТВ сапуници, меѓу најгледаните беше и серијата „Руби“ - за скандалозната девојка која ѝ го зема дечкото на најдобрата другарка која беше со хендикеп.
Благодарение на главната улога во серијата, актерката Барбара Мори (45) стана една од најпознатите латино-американски актерки во светот, но интересно е што по завршувањето на серијата таа одлучи да се повлече од снимањето на ТВ сапуници и својата кариера да ја насочи кон филмското платно.
Серијата „Руби“ никогаш немаше конкретен крај со оглед на тоа што продуцентите одлучиле да остават простор и за втора сезона на серијата, но тоа никогаш не се случило.
Во периодот кога беше на врвот на славата, Барбара Мори доби дијагноза рак на дојката и успеа да ја победи кобната болест.
Инаку, кога имала само 19 години Барбара Мори од врската со актерот Серхио Мејер Бретон, го добила синот Серхио Мејер (25) кој тргна по стапките на своите родители и денес е познат актер и музичар, кој играше и во серијата Rebelde на Netflix.
Барбара и таткото на Серхио се разделиле набрзо по неговото раѓање, а таа сама се грижела за него.
Во една прилика откри дека периодот кога Серхио имал 15 или 16 години, бил најтежок период во нејзиниот живот затоа што тој бил мошне бунтовен, а заради тоа одлучила повеќе да нема деца.
Кога Серхио имал 19 години, тој станал татко на девојчето Мила, а Барбара на само 39 години станала баба, по што голем број од порталите во Јужна Америка ја нарекоа, „најсекси баба“.
Барбара зад себе има едногодишен пропаднат брак со американскиот бејзбол-играч Кенет Реј Сигман, а во моментов е во среќна врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, со кого се запозна во 2013-та година.
Во една прилика Барбара откри дека ужива во семејната идила и дека е среќна што веќе не е во центарот на медумското внимание како што тоа се случуваше во периодот кога „Руби“ беше хит.
„Си ја сакам приватноста. Славата ме стигна во најкритичните години – кога се развивав ментално и заради тоа имав многу проблеми“ – рече во една прилика таа.
Б. С. Б. | Црнобело