Џеј Ло, Памела Андерсон – 7 светски ѕвезди што беа во љубов со своите телохранители

Дали се сеќавате на хит-филмот „Телохранител“ со Кевин Костнер и Витни Хјустон? Костнер е телохранител ангажиран да ја чува музичката ѕвезда по бројните закани за смрт, но на крајот се заљубува во неа. Во реалноста, меѓу оние што се забавуваа со своите телохранители се Памела Андерсон, Хајди Клум, Ејми Вајнхаус, Ким Кардашијан Бритни Спирс и многу други.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-01.jpg

Сценариото често се случува и во реалниот живот на ѕвездите, особено оние што никаде не одат без својот телохранител.

Па така, многу познати дами не одолеаја на шармот на мажите што ги чуваат.

Погледнете некои од нив:

Ким Кардашијан

Долго пред бракот со Канје Вест и врската со Пит Дејвидсон, љубовниот живот на Ким Кардашијан имаше неочекувано поглавје. Ријалити ѕвездата беше во врска со нејзиниот телохранител, Шенго Дин. Тие се гледаа кратко во 2011 година.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-03.jpg

Џенифер Лопез

Брзо откако Џенифер Лопез почна да станува популарна во Холивуд, пејачката и глумица се омажи со Ојани Ноа.

Додека парот беше заедно, Ноа беше и личен тренер и телохранител на Лопез. Тие се разведоа во 1998 година, по приближно една година брак.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-05.jpg

Хајди Клум

По разводот со Сил во 2012 година, Хајди Клум почна да излегува со нејзиниот телохранител Мартин Кристен.

Парот остана заедно повеќе од една година пред да се разделат во 2014 година.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-02.jpg

Скарлет Јохансон

Во 2012 година Скарлет Јохансон беше поврзувана со еден од нејзините телохранители, кога беа забележани како се сончаат заедно на јахта во Медитеранот.

Истата година глумицата почна да излегува со Ромен Доријак, со кого се омажи во 2014 година. Потоа ја роди нивната ќерка Роуз Дороти.

Се разведоа во 2017 година, а брзо потоа Јохансон почна да гледа со Колин Џост од Saturday Night Live. Таа роди син од овој брак.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-09.jpg

Памела Андерсон

Памела Андерсон е единствената на оваа листа што не само што се забавуваше со својот телохранител, туку и се омажи за него.

Памела и нејзиниот телохранител Ден Хејхерст се венчаа во декември 2020 година, но во јануари 2022 година поднесоа барање за развод.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-08.jpg

Бритни Спирс

Бритни Спирс беше поврзувана со двајца нејзини телохранители – еден во 2008 година и еден во 2010 година. Нејзината романса во 2008 година наводно била со поранешен израелски војник по име Ли. Спирс деновиве ужива во бракот со фитнес тренерот Сем Асгари.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-06_copy.jpg

Ејми Вајнхаус

Во 2009 година беше објавено дека Ејми Вајнхаус се забавувала со нејзиниот телохранител Невил.

Таа наводно им рекла на пријателите дека тој прави да се чувствува безбедно бидејќи е голем и силен.

Наводната врска траела неколку месеци пред да се разделат, а Вајнхаус да добие нов телохранител.

djej-lo-pamela-anderson-britni-spirs-7-svetski-dzvezdi-shto-bea-vo-ljubov-so-svoite-telohraniteli-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Ло откри зошто ѝ требале 17 години за да му даде втора шанса на Бен: „Се заколнав дека ќе остана... По големиот број пропаднати врски, Џеј Ло вели дека планирала засекогаш да остан...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg