Пред една недела ја раскина свршувачката, сега јавно го бакнува новото момче – Аврил Лавињ е во врска со Тајга (фото)
- Детали
- вторник, 07 март 2023
Само една недела откако ја раскина свршувачката со рокерот Мод Сан, Аврил Лавињ (38) е во нова врска и не се срами јавно да признае дека успеала да го освои светски познатиот рапер Тајга (33). Парот јавно разменува бакнежи, а нејзиниот поранешен свршеник вели дека срцето му е скршено.
Пејачката Аврил Лавињ, која важеше за вистинска тинејџерска сензација на почетокот на 2000-тите сега многу повеќе внимание привлекува со врските, отколку со музиката.
Аврил на 21-ви февруари годинава потврди дека ја раскинала свршувачката со рокерот Мод Сан (35) со кого една година беше свршена, а според пишувањата во таблоидите тоа го направила додека тој бил на турнеја и воопшто не бил свесен дека таа планира да му раскине.
На 28-ми февруари Мод Сан за првпат јавно прозборе за раскинувањето на нивната свршувачка и на Инстаграм напиша:
„Знам дека постои план за сè. Ќе ја кренам главата гордо и секогаш ќе го следам срцето, дури и кога ми е скршено.“
Само неколку дена по оваа објава на Мод Сан, Аврил беше забележана заедно со новиот дечко, раперот Тајга, во Париз, а синоќа на забавата по модната ревија на Mugler x Hunter таа го бакна и со тоа ги потврди гласините дека веќе е во нова врска.
Аврил на забавата се појави во избледен дуксер и високи лакирани чизми со високи потпетици, а таа и Тајга не ја криеја среќата што се заедно.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело