Не им треба Чарлс за да живеат луксузно - Меган и Хари на скапа вечера во приватен клуб, откако беа избркани

Според извори блиски до Меган и Хари, тие биле гневни бидејќи кралот Чарлс ги избркал од куќата во Англија, но на последното појавување во јавност, парот беше во одлично расположение, а Меган беше облечена во аутфит од 2.000 долари. Според неколу кралски експерти, овој потег на Чарлс покажува дека Хари и Меган веќе немаат никакви шанси да го поправат односот со кралското семејство.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-01.jpg

Принцот Хари сподели дека би сакал да го подобри односот со татко му, но веројатно тоа нема да се случи наскоро.

Деновиве, јавноста дозна дека кралот Чарлс ги избркал Хари и Меган од нивниот дом во Англија, а според извор близок до нив, тие биле „гневни поради суровата казна“.

Сепак, речиси веднаш откако веста допре до јавноста, Меган и Хари беа забележани во одлично расположение во Лос Анџелес.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-07.jpg

Парот беше фотографиран пред просториите на ексклузивен приватен клуб каде што членарината изнесува 4.200 долари годишно.

Покрај приватноста, ексклузивниот клуб нуди и скапи оброци, а не е познато дали Меган и Хари самите се членови или само биле поканети од некој друг.

41-годишната Меган носеше долг капут кој наводно чини 1.610 долари, во комбинација со црни панталони и штикли од 635 долари.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-04.jpg

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-05.jpg

Додека излегуваше од автомобилот пред клубот, Меган не ја тргна насмевката од нејзиното лице.

Принцот Хари беше во полежерно издание, a и тој изгледаше навистина среќно.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-06.jpg

Меган и Хари имаа само една куќа во Англија – Frogmore Cottage – која ја добија од кралското семејство.

Наводно, тие биле избркани, односно добиле наредба од Бакингемската палата да ја напуштат куќата 24 часа пред да почне продажбата на мемоарите на принцот Хари.

Според извори блиски до кралското семејство, кралот Чарлс сепак ги предупредил дека ќе бидат избркани и им дал неколку недели да ги спакуваат нивните работи од куќата.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-08.jpg

Друг извор тврди дека потоа кралот Чарлс сепак одлучил да им даде повеќе време:

„Изгледа дека кралското семејство сака целосно да се оттргне од нив. Хари и Меган треба да ја напуштат куќата до почетокот на летото. На почетокот им дадоа само неколку недели, но сега имаат повеќе време“.

Уште почудно во целата ситуација е што кралот Чарлс му ја понудил куќата на принцот Ендру кој беше поврзуван со педофилот Џефри Епстајн.

Поради ова, кралицата Елизабета му ги одзеде сите титули, освен титулата војвода од Јорк.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-02.jpg

За Page Six, кралскиот експерт и автор Том Бауер тврди дека Меган и Хари самите се криви за целата ситуација:

„Хари и Меган го испровоцираа кралот Чарлс со срамната книга на Хари и неговите интервјуа. Мислам, што очекуваше?

Хари сакаше кралското семејство да клекне пред него и да му бара прошка, а тој ја премина секоја линија“.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-09.jpg

Тој смета и дека ова е доказ дека Хари и Меган дефинитивно нема да присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс.

„Ако дојдат Хари и, не дај Боже, Меган, тие ќе бидат во центарот на вниманието, додека целото внимание ќе треба да биде насочено кон Чарлс“, додава експертот.

megan-markl-i-hari-odlichno-raspolozheni-na-skapa-vechera-otkako-charls-gi-izbrka-od-domot-vo-anglija-foto-03.jpg

Куќата која Меган и Хари ја добија како подарок од кралицата Елизабета беше на мета на критики уште кога парот се венча.

За реновирањето на куќата тие потрошиле околу три милиони долари, а британската јавност се разгневи откако се појавија шпекулации дека овие пари се од нивните даноци.

Меган и Хари на скапа вечера откако беа избркани од Англија:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg