„Се срамев да ѝ кажам на мајка ми дека ќе ми го гледа пенисот на билборди“ – Мајкл Б. Џордан со секси фотосесија за Calvin Klein
- Детали
- четврток, 02 март 2023
„Кога ми понудија да се сликам за Calvin Klein знаев дека ова не смеам да го одбијам. Но, чекај, како ќе ѝ кажам на мајка ми дека ќе ми го гледа пенисот каде и да погледне. Ми беше срам, но морав да ѝ кажам пред да прифатам“ - открива во интервју актерот Мајкл Б. Џордан за секси фотосесијата која ја направи.
Холивудскиот глумец Мајкл Б. Џордан, кој во 2020 година беше избран за најсекси маж на светот според магазинот People, направи жешка фотосесија за модниот бренд Calvin Klein и нивната нова колекција долна облека. Фотографиите од актерот наскоро ќе се најдат и на билборди ширум светот.
Во интервју, тој првпат прозборе за фотосесијата, со која се гордее, но признава дека не знаел како да ѝ каже на мајка си дека ќе го гледа по долна облека каде и да се сврти.
„Кога ми понудија да се сликам за Calvin Klein знаев дека ова не смеам да го одбијам. Но, чекај, како ќе ѝ кажам на мајка ми дека ќе ми го гледа пенисот каде и да погледне.
Боже, билбордите ќе бидат огромни. Ми беше срам да ѝ кажам, ама знаев дека мора да го направам тоа пред да прифатам да се соблечам“, вели Џордан во интервјуто за People.
Тој признава дека уживал додека ја правел фотосесијата. Работата со познатите фотографи Мерт и Маркус ја опишува како искуство што би му го препорачал секому.
Црно-белите фотографии се колекција од спортски и модерни парчиња долна облека, слим гаќички и боксерки.
„Уф, се чувствував секси и посакувано. Смешно е кога зборувам вака, но, да сликам боксерки за овој бренд за мене е остварување на сонот“, додава Џордан.
За сега билбордите се поставени во Њујорк и Лос Анџелес, а наскоро ќе ги има и во поголемите градови во САД, но и низ модните центри ширум светот каде што Calvin Klein има свои продавници.
Инаку, актерот, кој се прослави со улогата во хит-филмот Black Panther од 2018 година, е актуелен со филмовите Creed, серијал кој е продолжение на култниот Rocky со Силвестер Сталоне.
Вчеравечер (28.02.2023) во Холивуд тој беше главна ѕвезда на црвениот тепих на премиерата на третото продолжение на филмот. Џордан освен што ја игра главната улога, исто така го режираше и филмот.
Сепак, во текот на снимањето доби и критики од Сталоне, бидејќи ова е првиот филм од серијалот за Rocky во кој ветеранот не глуми.
А. Ј. | Црнобело