Го бие лош глас - Зошто ниту една жена во Холивуд не сака да биде во врска со Том Круз?
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Том Круз важи за еден од најпознатите мажи во Холивуд, но популарноста на некогашниот заводник кај дамите значително опаѓа. По разводот со Кејти Холмс актерот речиси и да не бил со некоја девојка во врска, а странските таблоиди шпекулираат за тоа кои се причините заради кои ниту една девојка во Холивуд не сака да биде со него. Наводно, Деми Мур сакала да направи ваков чекор.
Том Круз (60) бил во брак трипати: со Мими Роџерс, со Никол Кидман и со Кејти Холмс, а беше во врска и со други познати дами како Пенелопе Круз и Хејли Атвел.
По разводот со Кејти Холмс, Том Круз бил поврзуван со повеќе познати девојки, но никогаш јавно не признал дека е со некоја од нив во врска.
Во последниот период го поврзуваа со колешката со која заедно играа во Top Gun: Maverick, Хејли Атвел, но наводно тие двајца раскинале затоа што не можеле да го поднесат притисокот од јавноста која постојано била заинтересирана за нивните приватни животи.
„Том би сакал да има некого во својот живот, но вистината е дека го следи лоша репутација“ – пишува Radar Online.
Често, за разделбите на Том Круз со дамите, како главна причина се наведува неговата посветеност кон скиентолошката црква, но освен тоа, постои уште една причина, што не им се допаѓа на дамите.
Radar Online направи едно истражување на тема зошто ниту една славна девојка повеќе не сака да биде во врска со Том Круз.
Според пишувањата, кога ќе започне врска со некоја девојка, актерот станува посесивен и себичен. Вистината е дека тој е премногу посветен на својата кариера и нема време за да биде со некого.
Ако некоја жена сака да биде со него во врска, мора да го прифати неговиот распоред и неговите правила, па така таа ќе треба да се бори за да ја изгради сопствената кариера затоа што кариерата на Том е на прво место, според весникот.
„За него партнерката е дел од него и од неговиот бренд, па познато е дека сака да менаџира сè – па дури ја избира и облеката што жените смеат да ја носат кога се со него“ – се вели во текстот.
Иако постоеја пишувања дека Атвел одлучила да ја прекине врската заради притисокот во медиумите, вистината била дека не можела да ја поднесе неговата желба тој сè да држи под контрола.
„Тој даде сè од себе за да успее врската со Атвел, но вистината е дека таа не можеше да ја поднесе неговата желба тој сè да контролира. За жените тој е премногу тежок, па затоа стана најнепосакуван ерген во Холивуд“ – стои во текстот.
Неодамна се појавија пишувања дека меѓу дамите што сепак сакаат да започнат врска со Том Круз е Деми Мур.
Со оглед на тоа што таа е успешна дама во Холивуд, најверојатно нема да има проблем да го сфати напнатиот распоред на актерот.
Ако се земе предвид дека нејзината мајка, Вирџинија Кинг исто така била дел од скинетолошката црква, Деми нема да има проблем ниту со овој мошне важен сегмент од неговиот живот.
Деми редовно била дел од црквата сè до бракот со Брус Вилис, кој ѝ забранил да продолжи да присуствува на скиентолошките собири.
Б. С. Б. | Црнобело