Партнерката го оставила 2 дена по породувањето, пороците го уништија – Што прави денес Дејвид Карузо, актерот од серијата „CSI – Miami“?
- Детали
- недела, 05 март 2023
Во приватниот живот се однесува како вистински полицаец. После три неуспешни брака, Дејвид Карузо живеел со Лиза Маркез која е мајка на неговите деца, но го напуштила затоа што премногу ја контролирал – факти за Дејвид Карузо, актерот што ја играше улогата на Хорацио Кејн во „Истрага на местото на злосторството - Мајами“.
На македонската публика најмногу ѝ е познат по неговата фантастична глума во улогата на поручник Хорацио Кејн во американската крими серија „Истрага на местото на злосторството - Мајами“ (CSI Miami).
Познатиот американски глумец Дејвид Карузо е роден на 7 јануари 1956 година во Њујорк, од мајка Иркинка и татко Италијанец.
Иако во својата кариера има глумено во неколку филмски проекти, тој никогаш не се прослави како филмски глумец.
Најзначајни улоги во кариерата му беа детектив Џон Кели во серијата NYPD Blue и поручник Хорацио Кејн во серијата „Истрага на местото на злосторството - Мајами“.
Овие улоги му ја донесоа најголемата слава.
Во продолжение неколку интересени факти за него:
Во серијата NYPD Blue, Дејвид ја имаше главната детективска улога и оваа серија му донесе огромна слава и покрај тоа што глумел само во периодот 1993-1994 година, односно во првите 2 сезони, од вкупно 12 снимени сезони од серијата.
„Истрага на местото на злосторството - Мајами“ се емитуваше во период 2002-2012 година и го лансираше Дејвид меѓу холивудските ѕвезди. Хонорарот во оваа серија му бил неверојатни 375.000 долари по епизода.
Карактеристично за Дејвид Карузо е што речиси сите улоги кои ги прифаќал биде улоги на полицаец, односно детектив.
Тој толку навлегувал во улогите, што беше обвинет дека почнал и во приватниот живот да се однесува сомничаво и како вистински полицаец, што секако немало позитивно влијание врз неговиот љубовен живот.