Во брак е 30 години, не посакала деца – Хелен Мирен зрачи со елеганција и на 77, со бела коса и без пластични операции (фото)
- Детали
- вторник, 21 февруари 2023
Хелен Мирен е една од најдобрите актерки во светот, а претставува и одличен пример за сите жени – таа старее грациозно, без никакви корекции на лицето, во животот имала само еден сопруг со кого уште е во брак, а поради нејзиниот придонес во филмската индустрија, кралицата Елизабета ѝ додели и титула. Таа сега се појави на настан на кој блеска на 77.
И на 77 години, Хелен Мирен зрачи со елеганција. Актерката одбива да прави пластични операции или какви било корекции на лицето, а неколку години не ја крие ни белата коса.
Последно актерката се појави на Берлинскиот филмски фестивал и по којзнае кој пат им одржа модна лекција на актерките кои се на приближно иста возраст колку неа.
Хелен носеше долг црн фустан и минималистички накит, а долгата бела коса ѝ беше пуштена.
На друг настан во склоп на фестивалот, Хелен покажа дека може да изгледа одлично и во полежерно издание.
Актерката се појави со црни панталони, розов џемпер и бели патики.
Кога станува збор за нејзиниот изглед, Хелен вели дека нема направено никакви операции или процедури. Единствено се труди да вежба редовно и избегнува цигари.
Сепак, пред неколку години, актерката призна дека си ги истетовирала веѓите.
„Ќе ви кажам што направив неодамна – си ги истетовирав веѓите. Ми се смачи тоа што моите веѓи едвај се познаваа, а кога една пријателка си ги истетовира, ми изгледаа навистина добро.
Тетоважите се деликатно изработени и сега кога ќе се разбудам и не сум нашминкана, барем имам веѓи. Ова направи огромна разлика за мене“.
Покрај грациозното стареење, Хелен Мирен е една од ретките актерки која не се соочила со скандали во текот на нејзината (многу долга) кариера.
Всушност, таа имала само еден сопруг, со кого уште е во брак. Хелен и сопругот Тејлор Хакфорд (78) се заедно над 30 години.
Нејзиниот сопруг има деца од друг брак, но Хелен има изјавено дека самата никогаш не посакала да стане мајка.
Односно, таа ги прифатила децата на Тејлор како свои, но не сакала да има биолошки.
„Тоа не беше мојата судбина. Мислев дека некогаш ќе се случи, но не се случи, а сега не ми е важно што мислат другите“, сподели таа во интервју за британскиот Vogue.
Всушност, актерката не била сигурна ни дали воопшто некогаш ќе сака да стапи во брак. Но, штом сфатила дека сака да го помине целиот живот со Тејлор, се согласила.
„Се венчавме бидејќи сфативме дека ќе бидеме заедно засекогаш. Се венчавме повеќе од правни причини. Планирање на имотот и слични комплицирани работи. И, забележавме дека нашите семејства сакаа да се венчаме.
Отсекогаш сум велела дека немам ништо против бракот, туку само дека не е по мој вкус. Ми требаше многу време да си го сменам вкусот. Само требало да го запознаам вистинскиот човек“, открива Хелен.
Поради нејзиниот придонес во филмската индустрија, Хелен Мирен доби и титула од кралицата Елизабета.
Таа ја носи титулата Дама-заповедник на Редот на Британската Империја од 2003 година.
Во 2009-та, пак, Times ја прогласи за една од 10-те најдобри актерки од Велика Британија.