Кејт Мидлтон со ZARA обетки од 1.500 денари, Ања Тејлор Џој со златен фустан – што носеа ѕвездите на BAFTA 2023? (фото)
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2023
Кејт Мидлтон ги засени најпознатите актерки со елегантна комбинација што ја дополнила со Zara обетки кои чинат само 25 евра – што носеа другите ѕвезди на овогодишното доделување на BAFTA наградите?
Синоќа, 19-ти февруари, се одржа 76-тото издание на престижните филмски награди BAFTA, а на настанот присуствуваа некои од најголемите имиња во филмската индустрија.
Церемонијата се одржа во Royal Festival Hall во Лондон, а помеѓу присутните беа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Всушност, Кејт Мидлтон беше една од најдобро облечените на доделувањето и ги засени и најголемите ѕвезди.
Принцезата од Велс носеше долг бел фустан и црни ракавици, а можеби највпечатливиот детаљ во нејзината комбинација беа големите ZARA обетки кои наводно чинат околу 1.500 денари.
Принцот Вилијам носеше црни панталони и бела кошула во комбинација со црно сако.
Со впечатлива комбинација се издвојуваше Ања Тејлор Џој која се појави со краток кадифен фустан и долга наметка во златна боја.