По сите „несреќни“ фацки на Бен Афлек покрај Џеј Ло, парот си направи тетоважи за вечна љубов
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
На своите тела, Џеј Ло (53) и Бен Афлек (50) ставија слични тетоважи со симбол за бесконечност и со аморови стрелички, по скандалот на Греми со тензичното однесување, но и низата ситуации со шеги од типот: „Бен, трепни ако си киднапиран од Џеј Ло“.
Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек ја овековечија својата љубов на Валентајн, со слични тетоважи, што симболизираат вечна љубов.
53-годишната пејачка и 50-годишниот актер одлучија да го стават симболот на посветеност и бесконечност на своите тела и објавија низа заеднички вљубени фотки од изминатиот период заедно, а на едната тетоважа ги има и нивните иницијали.
Ова доаѓа откако се најдоа среде скандал со тензичното однесување на Греми наградите, но и по низата појавувања на Бен со „несреќен“ израз на лицето покрај Џеј Ло.
Вљубените фотографии што ги објави парот:
Прочитајте и Вирално видео: Џеј Ло го искара Бен Афлек бидејќи се досадува на Греми, откако го прекори за пиењето алкохол
С. С. | Црнобело