Тајната на долговечноста на Стинг е 7-часовен тантрички секс со сопругата: „Среќен сум што сум здрав на 71 година“
- Детали
- петок, 10 февруари 2023
Светски познатиот музичар и гитарист Стинг пред речиси 30 години привлече огромно внимание кога во медиумите отворено говореше за неговиот сексуален живот со сопругата Труди Стајлер па рече дека тие двајцата имаат 7-часовни сесии со тантра секс. Се чини дека и сега на 71 година, музичарот сѐ уште зборува за долгиот секс со сопругата и ужива во животот.
„Сексот со мојата сопруга трае 7 часа“ - изјави во 1990-тата година познатиот музичар Стинг. Тој и по 30 години отворено зборува за својот сексуален живот, а неодамна повторно се осврна на тврдењата од пред 30 години.
Изјавата за неговиот сексуален живот и до ден-денес предизвикува голем интерес кај јавноста, а пејачот неодамна рече дека воопшто не му пречи тоа што луѓето постојано му поставуваат прашања на темата.
„Воопшто не ми пречи – здраво е да се зборува на тие теми. Никогаш не зборувавме за секс со моите родители. Јас сум среќен за голем број работи, а тоа што сум здрав на овие години е нешто што не го земам здраво за готово. Загубив голем број пријатели што не успеаја да стигнат до овие години, па го ценам секој нов ден“ – рече тој.
Речиси две децении откако ја даде првата изјава, во 2014-тата година Стинг се обиде да појасни и рече дека во тие 7 часа не влегува само сексуалниот чин, туку и долгата предигра.
„Идејата е дека тантричкиот секс е спиритуален чин. Не познавам друг почист и подобар начин за изразување на љубовта за другата личност, од заедничко споделување на она што јас го нарекувам ‘ритуал’. Ќе се држам до тоа, не до 7-те часа, туку до идејата. Во тие 7 часа влегува и заедничко гледање филм и вечера“ – појасни Стинг.
Неговата сопруга Труди, пак, рече дека изјавата на нејзиниот сопруг од 90-тите години не е точна и дека тоа се должи на тоа што музичарот бил пијан додека го давал интервјуто.
Инаку, Стинг и Труди се во брак од 1992-ра година, тие минатата година ја прославија 30-годишнината од бракот со огномети, а до фотографиите Труди напиша:
„И по 30 години, сѐ уште летаат искри.“
Познато е дека парот се запознал уште во 80-тите години, но нивната врска се сметала за скандалозна, затоа што Труди била најдобра другарка на тогашната сопруга на музичарот, Франсис Томелти.
Потоа се дозна дека Стинг и Труди имале афера додека тој бил во брак со Френсис, а речиси 10 години подоцна одлучија да стапат во брак.
Погледнете уште неколку фотографии од парот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело