Најскапите (и најчудните) работи што ги има купено Ким Кардашијан на аукција
Костим на Џенет Џексон – 25.000 долари
Се чини дека ријалити ѕвездата е опседната и со сестрата на Мајкл Џексон.
Ким го купи костимот што Џенет го носеше во спотот за песната If.
Уште почудно беше што Ким изјави дека го купила костимот во чест на роденденот на пејачката.
„Среќен роденден кралице! За роденденот на Џенет Џексон, бидејќи сум огромен фан, не ми се верува дека победив на аукцијата за овој костим“, сподели Ким на Инстаграм.
Белегзии на Елизабет Тејлор – 65.000 долари
Елизабет Тејлор ја имаше една од најскапите колекции накит, а Ким купи три нејзини дијамантски белегзии, за кои платила 65.000 долари.
Неколку прстени на Елвис Присли – 15.000 долари
Изгледа твитерџиите се во право кога велат дека Ким е опседната со предметите на починатите ѕвезди.
Таа купи и неколку прстени што му припаѓале на Елвис Присли.
Ким платила 15.000 долари за нив, а потоа му ги подарила на брат ѝ Роб.
„Опседната сум со аукции, а брат ми е најголемиот фан на Елвис Присли, па му купив два прстена на Елвис за Божиќ“.
Оригинална статуетка од Еми наградите – 8.000 долари
Ова е дефинитивно најчудното нешто што го купила Ким на аукција.
Ријалити ѕвездата платила 8.000 долари за оригиналната статуетка како подарок за 60-тиот роденден на мајка ѝ Крис.
Наводно, статуетката до денес стои во нејзиниот дом, а Ким има споделено дека не се сеќава на која музичка ѕвезда ѝ припаѓала.
Спирова С. | Црнобело