Џеј Ло никогаш посекси, Хари Стајлс во светкав комбинезон – што носеа ѕвездите на доделувањето на Греми 2023? (фото)
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Додека Џеј Ло и Адел беа помеѓу најдобро облечените, Хари Стајлс привлече најмногу внимание благодарение на својот необичен светкав комбинезон – што носеа другите ѕвезди на овогодишното доделување на Греми наградите?
Во неделата, 5-ти февруари, се одржаа престижните Греми награди, а најголемите имиња од музичката индустрија се претставија во најдоброто светло.
Тејлор Свифт, Бијонсе, Адел и Џеј Ло беа помеѓу најдобро облечените на црвениот тепих, а некои ѕвезди, како Хари Стајлс, се појавија и со навистина необични и впечатливи комбинации.
Помеѓу ѕвездите со впечатливи комбинации беа и Карди Би и Доџа Кет, која за разлика од претходното појавување на важен настан, сега одбрала „понормална“ комбинација.
На доделувањето, пак, Бијонсе беше главната ѕвезда и го сруши рекордот за музичар кој освоил најмногу Греми награди. Досега, пејачката има освоено дури 31 статуетка.
Што носеа ѕвездите на Греми 2023?
Спирова С. | Црнобело