Почина познатиот дизајнер Пако Рабан на 88-годишна возраст
- Детали
- петок, 03 февруари 2023
Пако Рабан, еден од најпознатите дизајнери на светот, почина во неговиот дом во Франција на 88-годишна возраст.
Денес, 3-ти февруари, познатиот дизајнер Пако Рабан почина на 88-годишна возраст, во неговиот дом во Франција.
Веста за смртта беше потврдена од портпаролот на една од неговите компании.
Покрај парфемите на неговиот бренд, дизајнерот беше познат и по ексцентричните модни креации со кои почна да го освојува светот на модата во 1960-тите.
Пако ја почна модната кариера како дизајнер на накит за врвни брендови, како Balenciaga и Dior.
Во 1966 година ја основа својата модна куќа, а почна да го привлекува вниманието со неконвенциалните материјали, како метал, хартија и пластика.
По неколку години, дизајнерот го прошири бизнисот и почна да произведува парфеми кои до денес се едни од најпопуларните во светот.
Спирова С. | Црнобело