Криење на лицата на децата со емотикони, носење пелени до 5 години: Чудните техники за воспитување на Кристен Бел

Актерката Кристен Бел и сопругот Дакс Шепард имаат две ќерки и во едно интервју открија дека ѝ дозволиле на постарата да носи пелени до пет години, а помалата ја заклучувале во собата кога не сакала да спие. Кои се другите (чудни) техника за воспитување на актерите?

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-01.jpg

Кристен Бел е во среќен брак со актерот Дакс Шепард, а заедно имаат и две деца.

Тие се запознале во 2007-ма година, а се венчаа шест години подоцна, односно во 2013-та.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-06.jpg

Кратко пред венчавката го добија првото дете – ќерката Линколн Бел Шепард – а околу една година подоцна го добија и второто дете, ќерката Делта Бел Шепард.

Кристен и Дакс до денес ги кријат лицата на нивните деца на социјалните мрежи и пробуваат да ја зачуваат нивната приватност по секоја цена.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-03.jpg

„Јас одбрав јавна кариера. Јас одбрав моите изјави да бидат цитирани, јас одбрав да дозволам да бидам фотографирана. Но, не знам дали децата ќе го сакат тоа.

Па, јас немам никакво право да го изберам тоа за нив“, сподели актерката во интервју за Romper.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-07.jpg

Сепак, и Кристен и сопругот од време навреме споделуваат детали од приватниот живот и семејството.

Кристен откри и како зборува со децата за тешки теми, како илузијата за Дедо Мраз.

„Го сакам ликот на Дедо мраз, но кога едната ќерка ме праша дали навистина постои, немав избор освен да бидам искрена со неа“, вели актерката во интервју за Bustle.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-08.jpg

Кристен има и поткаст каде што зборува за предизвиците со кои се соочуваат со саканиот како родители. Таа ги споделува и нивните по малку чудни правила за воспитување.

Пред неколку години, токму во овој поткаст, Кристен откри дека едната ќерка долго време носела пелени.

„Кога постарата ќерка имаше 21 месец, само ѝ спомнавме да проба да го користи тоалетот. Оттогаш не ѝ ставивме пелена. Но, со помалата беше потешко. Моментално таа има пет и пол години, и уште носи пелени“, сподели Кристен тогаш.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-09.jpg

Актеркат изјави дека секое дете е различно и воопшто не била загрижена за ова.

Набрзо по оваа изјава, актерката сподели дека поинтензивно почнале да ја одвикнуваат ќерката од пелени и успеале во целта.

„Мислам дека сето ова е сосема нормално. Никој не треба да се чувствува засрамено ако неговото дете не се одвикнува од пелени исто брзо како другите“.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-02.jpg

Кристен го има поделено мислењето на јавноста и со други техники за воспитување.

Таа сподели дека кога ќерката Делта имала три години, ја заклучувале во спалната соба за да спие.

„Секоја вечер, кога ја легнувавме, таа ги вклучуваше светилките, а ова ѝ пречеше на сестра ѝ. Го разместуваше мебелот и удираше по вратата со разни играчки“, додаде актерката.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-05.jpg

Таа дообјасни дека со сопругот стоеле пред вратата кога ја заклучувале и ѝ кажувале на ќерка им зошто не треба да прави врева. Кристен тврди дека со овој трик, ќерка им заспивала за само 10 минути по што тие ја отклучувале вратата.

И покрај некои контроверзни техники на воспитување, Кристен и Дакс некогаш се и добар пример.

Тие ги учат нивните деца секогаш да се извинуваат кога ќе направат грешка, без разлика колку мала.

Истовремено, Кристен вели дека ги учи децата со пример, односно се однесува така како што сака да се однесуваат и тие.

kjerkata-na-kristen-bel-nosela-peleni-do-5-godini-koi-se-drugite-chudni-tehniki-za-vospituvanje-na-akterkata-i-soprugot-04.jpg

На крај, Кристен пробува да ги натера родителите да сфатат дека е нормално да не знаат многу работи и дека е нормално некогаш да импровизираат.

„Ако сте уверени дека она што го правите функционира, без разлика дали е некоја чудна, бизарна техника, тогаш правете го!“, вели таа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg