„Ѝ го поправи лицето пред да ја покаже“ - Новата девојка на Пике стана најомразената личност на светот, па побара помош од психолог
Од друга страна, пак, шпанските медиуми пишуваат дека по големиот број критики и негативните коментари новата девојка на Пике морала да побара стручна помош за да се справи со тоа што во моментов е најомразената жена во Шпанија.
Наводно, според Marca, освен што се соочува со голем број критики упатени до неа на социјалните мрежи, на Клара ѝ пречи тоа што секојпат кога ќе излезе од дома луѓето ја препознаваат и ѝ ја пеат новата песна на Шакира.
„Ја застануваат на улица, ѝ ја пеат песната, сите ја препознаваат, а таа всушност е многу срамежлива девојка.
Заради тоа побегна во домот на родителите околу 8 дена и работеше од дома. Мораше да побегне затоа што не се чувствува добро.
Не е лесно да се биде 23-годишна девојка и да си најомразената личност во Шпанија и во целиот свет.
Пред нејзиниот дом постојано имаше обезбедување и никој не ја видел како излегува од дома“ – пишува весникот и додава дека на Клара ѝ била потребна експертска помош (од психолози) за да се справи со стресот што го преживува.
За потсетување, Шакира наводно дознала дека Пике ја изневерува откако нашла празна тегла џем во ладилникот.
Според дел од медиумите Клара доаѓала во домот на Шакира и Пике секогаш кога пејачката била на патување или на турнеја.
Б. С. Б. | Црнобело