„Ѝ го поправи лицето пред да ја покаже“ - Новата девојка на Пике стана најомразената личност на светот, па побара помош од психолог
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
„Пике платил за новата девојка да стави филери на усните“ – велат дел од твитерџиите, а наводно, по негативните коментари и критики упатени на нејзина сметка, Клара Чиа Марти морала да побара помош од психолог и побегнала кај родителите, затоа што не може да го поднесе притисокот.
По објавата за разделбата со Шакира, новата девојка на Пике, Клара Чиа Марти е меѓу најомразените личности на социјалните мрежи.
Шакира гласно ја прозва во својата нова песна, откако беше откриено дека фудбалерот долго време ја изневерувал со неа, па затоа не стивнуваат негативните коментари за новата девојка на фудбалерот.
Според голем број твитерџии Клара Чиа Марти е виновна затоа што ја разорила врската на Пике и Шакира и многумина ѝ порачуваат дека треба да се засрами затоа што го уништила животот на двете деца на славниот пар.
Минатата недела Пике ја објави нивната прва заедничка фотографија на Инстаграм, која доби голем број негативни коментари. На Твитер исто така почна масовно да се коментира за тоа дека Пике ѝ платил на новата девојка за да ги зголеми усните.
На оваа социјална мрежа масовно се споделуваат фотографии од тоа како изгледала Клара Чиа Марти претходно, а како изгледа сега, па дел од твитерџиите напишаа:
„Да, Жерар Пике многу се гордее со новата девојка, што мораше да ѝ го поправи лицето пред да објави нивна заедничка фотографија.“