Порно актерот Џони Синс за лошата страна на кариерата: „Тешко е да се одржи бракот, двајцата го работиме истото“
- Детали
- сабота, 28 јануари 2023
„Сѐ уште носам маска за лице кога не сакам никој да ме препознае“ – вели порно актерот Џони Синс и признава дека славата што ја стекна откако стана хит меме на социјалните мрежи, понекогаш му пречи. Особено ако се наоѓа на аеродром или е во брзање. Тој откри и која е тајната за успешната врска со сопругата Киса Синс.
Во периодот на карантините порно актерот Џони Синс стекна најголема слава откако стана хит меме на социјалните мрежи.
Инженер, карате тренер, учител, доставувач на пица, ТВ водител, војник, астронаут... Ова се некои од „професиите“ по кои Џони Синс стана познат на социјалните мрежи.
https://twitter.com/MusoneraCrispin/status/1615925141103419393
Џони Синс (43) е роден во Пенсилванија, а неговото вистинско име е Стив Волф.
Тој работел како градежен работник шест дена неделно откако завршил колеџ, но на возраст од 26 години, одлучил да даде отказ и да започне нов живот во Лос Анџелес како порно ѕвезда.
Сега, 16 години подоцна, Џони Синс е еден од најпрепознатливите лица во порно индустријата, а благодарение на големиот број мемиња што кружеа на социјалните мрежи, неговиот лик го препознаваат дури и оние што никогаш не гледале филмови за возрасни.
Тој вели дека иако добро заработува од својата кариера, неговото семејство тешко го прифаќа тоа што тој го работи.
„Не дека им се допаѓа тоа што го работам, но ме сакаат и ме прифаќаат сѐ додека сум среќен. Тоа ми го зборуваат постојано“ – вели актерот и признава дека најчесто неговото семејство избегнува да зборува за професијата со којашто се занимава.