Кајли Џенер го откри ликот и името на второто дете, па се шегуваат со неа: „Знае ли дека тоа значи полов орган на арапски?“
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
Кајли Џенер се породи во февруари 2022 година, но дури сега го покажа лицето на синот, а го откри и неговото име. Сепак, многу твитерџии тврдат дека името е израз за машки полов орган на арапски јазик.
Речиси една година откако се породи, Кајли Џенер конечно го откри името на нејзиното второ дете, и веднаш се најде на мета и шеги од страна на јавноста.
25-годишната ријалити ѕвезда сподели и први фотки на кои се гледа лицето на детето, а со објавата го откри неговото име.
Кајли нема откриено како се изговара името, но некои твитерџии споделуваат дека е Ер (Aire).
Речиси веднаш откако ги сподели фотките, на Твитер почна да се дискутира за значењето на името.
Имено, според некои твитерџии, зборот „aire“ е арапски израз за машки полов орган.
Дел од твитовите за името на детето:
„Некој навистина треба да ѝ каже на Кајли Џенер дека името на нејзиниот син е чест арапски израз за ’пенис‘. Но, се сомневам дека забележале многумина. Сепак, арапскиот го зборуваат само околу 415 милиони луѓе“.
„Оставете ја. Ја чекам епизодата од реалното шоу кога некоја од нејзините сестри ќе рече ’малиот Ер расте‘“.
„Кутрото дете, повторно ќе му го менуваат името“.
„Името значи машки полов орган на арапски. Кајли, што направи?“
По породувањето, Кајли Џенер имаше избрано друго име за детето – Вулф, што во превод од англиски значи „волк“.
Но, набрзо потоа сподели дека со Тревис се премислиле за името и сè досега не откриваше како се вика детето.
Во интервју со Џејмс Корден, таа сподели зошто се премислила:
„Навистина немавме одбрано име. Морав да го потпишам изводот, во спротивно ќе го регистрираа без име. Па, бев под притисок да изберам име и тогаш Клои ми предложи Вулф.
Веднаш штом ги потпишав документите, си помислив што направив“.
Спирова С. | Црнобело