Откриени детали за новата сопруга на Канје: „Направи многу пластични операции, беше позната по големите гради“
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
Новата сопруга на Канје, Бјанка, драстично си го променила изгледот откако се преселила во САД, во средно била позната по големите гради, а бракот со Канје бил шок за сите што ја знаат – поранешните пријатели на Бјанка откриваат детали од нејзиното минато.
Само два месеца по финализирањето на разводот со Ким Кардашијан, Канје вест се венча со 27-годишната Бјанка која работи за него.
Бјанка е копија на Ким Кардашијан, а сега нејзини поранешни пријатели откриваат дека нејзиниот изглед е резултат на бројни пластични операции.
„Нејзиниот нос е различен, нејзиното лице е различно и задникот ѝ е различен. Единствено нема направено промени на градите“, споделува пријателка од средно за радиото Nova FM.
Таа споделува и дека Бјанка била добра личност, барем додека учеле заедно.
„Беше прекрасна. Беше пријателски настроена со сите. Дефинитивно беше популарна, беше и најзгодната девојка во генерацијата“.
Сепак, пријателката не верува дека бракот со Канје ќе трае многу долго, како и дека била изненадена од оваа вест.
„Многу е блиска со нејзиното семејство и сите се навистина затворени и приватни луѓе. Па, фактот што се венча со толку позната личност е вистинско изненадување“.
За истото радио, друга пријателка споделува повеќе детали од средношколските денови на Бјанка:
„Ја знаев многу добро. Дефинитивно беше популарна и беше позната по нејзините големи гради. Тоа ѝ беше како заштитен знак.
Беше многу згодна, се дружеше со сите момци. Беше и навистина добра. Не можам да кажам ништо лошо за неа“.
Пријателката открива дека Бјанка била на постдипломски студии по архитектура на Универзитетот во Мелбурн, кога Канје ѝ понудил работа.
„Канје ѝ напиша порака. Ја најде на Инстаграм и ѝ рече ’Дојди да работиш за мене‘. Па, таа се отпиша од факултет. Всушност, не сум сигурна дали денес навистина е архитект“.
По новостите за венчавката со Канје, Бјанка ги избриша профилите на социјалните мрежи и не е познато практично ништо за нејзиниот живот.
Сепак, Daily Mail споделува дека откако завршила средно, Бјанка почнала свој бизнис за правење накит, а потоа се запишала на Универзитетот во Мелбурн.
Во последните две години од студиите, таа работела за фирма за дизајнирање мебел. Дипломирала во 2017 година, а во 2019-та се запишала на постдипломски студии на истиот универзитет.
Наводно, во 2020-та се преселила од Австралија во Лос Анџелес, каде што почнала да работи за Канје.
Деновиве се огласи и поранешниот дечко на Бјанка, кој тврди дека биле заедно околу шест години.
Тој вели дека Мелбурн бил премал град за неа и дека воопшто не е изненаден што Бјанка станала успешна, па и позната личност во САД.
„Бјанка и јас бевме во врска шест години, а се познаваме уште од тинејџерските денови. Заедно поминавме низ средно и факултет.
Се запознавме на 14-годишна возраст во 2007-ма, а почнавме да се гледаме во 2014-та“.
Дечкото вели дека се разделиле пред три години, како и дека Бјанка не знаела скоро ништо за бизнисот на Канје кога се преселила во Лос Анџелес, без разлика што ја прифатила понудата за работа од него.
„Не би рекол дека беше голем фан на Канје, но имам смешни видеа на кои танцува на негови песни“.
Според пријателка од детството, сите ѝ предвидувале голем успех на 27-годишната девојка.
„Никогаш не испушташе ниту еден важен социјален настан. Не сум изненадена што почна да работи за Yeezy. Отсекогаш имала добар стил и ги тестираше границите на модата.
Во еден период имаше и свој бизнис за накит. Но, навистина сум изненадена што е во брак со Канје“.
Засега Канје нема изјавено ништо за новата сопруга. Но, по новостите за венчавката, Ким Кардашијан сподели двосмислени цитати на Инстаграм, кои можеби и се однесуваат на Канје и Бјанка.
„Немам многу да кажам, само многу да направам“, гласи едниот цитат.
Според извор близок до ријалити ѕвездата, дефинитивно постои тензија помеѓу Бјанка и Ким:
„Ким ја мрази. Бјанка е убава, а Ким мрази убави девојки“.
Спирова С. | Црнобело