Канје Вест се оженил 2 месеца по разводот со Ким Кардашијан - со девојка која е нејзина копија
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
Новата сопруга на скандалозниот рапер има исти облини како Ким Кардашијан, а до неодамна и долга црна коса како неа. Дали навистина Канје пронашол утеха веднаш по разводот?
Канје Вест постојано ја запрепастува јавноста со своето скандалозно однесување, а последната вест од низата е дека тој стапил во брак со извесна Бјанка Сенсори, само два месеца по разводот со Ким Кардашијан.
Интересно е што девојката неверојатно наликува на неговата поранешна сопруга Ким.
45-годишниот рапер наводно се венчал со Бјанка на приватна церемонија, а парот неодамна беше фотографиран заедно за време на оброк, со бурми на рацете.
Бјанка е црнокоса девојка со облини како Ким, но на последните фотки се гледа дека направила драстична промена во изгледот, односно ја потстрижала косата и ја бојадисала руса.
Таа работи како дел од дизајнерскиот тим на брендот на Канје и тоа од 2020 година. Има дипломирано архитектура во Австралија.
Иако носат бурми, мислењата во американските медиуми се поделени дали парот навистина стапил во брак или станува збор само за симболично поврзување со бурми во име на љубовта и скандалозни објави на Канје.
Канје со Ким Кардашијан некогаш:
С. С. | Црнобело