Жена си направи забава по повод разводот, на концертот на Адел – пејачката во солзи (видео)
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
„Ми стана јасно дека бракот во кој сум, повеќе не функционира и не ми влијае добро на животот, па одлучив да ставам крај. Тоа беше најтешката одлука која некогаш сум ја донела и на која сум горда. На концертот на Адел носев и картон со напис – ‘Ти ми помогна да го пребродам разводот’“, на што Адел се огласи: „Знам сè за скршените срца’.“
Ребека Феинглос (33) од САД oтпатувала со 13 свои пријатели во Лас Вегас за да си направи викенд забава по повод разводот, по 6 години брак. Забавата го вклучувала и концертот на Адел.
Потегот ја трогнал дури и Адел, која се расплакала за Ребека, а дури и се симнала до неа во публиката, кога го видела транспарентот што го држи во рака.
Ребека носела дури и тијара со напис „Divorce Babe“ (разведена женска).
Адел на концертот ѝ порача: „Чувај ги пријателите блиску, затоа што тие се подобри од кој било маж“.
Ребека со пријателите го славела разводот со СПА, квалитетна храна, а нејзиното мото е: „Ајде да ги оставиме зад нас врските кои не се добри за нас.“
Патувањето се случило во месец декември, а Ребека вели дека си минала прекрасен викенд, преполн забава.
Одлучила да се разведе со сопругот за време на карантинот, кога ги изгубила и мајка ѝ и татко ѝ и одлучила да се преиспита што сака во животот.
„Ми стана јасно дека бракот во кој сум, повеќе не функционира и не ми влијае добро на животот, па одлучив да ставам крај. Тоа беше најтешката одлука која некогаш сум ја донела и на која сум горда.
По смртта на моите родители се преиспитував и сфатив дека сум несреќна, истоштена и дека имам бес и тага во себе.
Си дадов една година за да патувам, да пишувам и да научам да се справам со своите емоции.“
Потоа го финализирала разводот и се одлучила за забава во Вегас со пријателите, токму на концертот на Адел.
„Само што ги потпишав документите, почнав да планирам.
На концертот на Адел носев и картон со напис – ‘Ти ми помогна да го пребродам разводот’“, на што Адел се огласила: „Знам сè за скршените срца. Тоа што ги донесе твоите пријатели тука е толку трогателно за мене“.
Ребека вели дека отсега ќе се фокусира на себеси и на градење на врски полни автентичност и љубов, по долгиот, стресен и емоционален процес наречен развод.
Видео од нејзината забава по повод разводот:
С. С. | Црнобело