„Бев малку пијана“: Бритни Спирс се огласи за видеото на кое вреска во ресторан, поради што сопругот ја оставил сама
- Детали
- понеделник, 16 јануари 2023
Минатата недела Бритни Спирс беше снимена како вика на цел глас и зборува неповрзани работи во ресторан во Лос Анџелес, поради што сопругот Сем си заминал и ја оставил сама. Сега пејачката вели дека била малку пијана, а во меѓувреме сподели чудно видео на Инстаграм на кое танцува и покажува среден прст.
Во петокот, 13-ти јануари, Бритни Спирс била забележана во ресторан во Лос Анџелес каде што почнала да се однесува бизарно – викала на цел глас и зборувала неповрзани работи.
Веста ја сподели TMZ, заедно со видео кое наводно е направено истата вечер.
Според изворите на ТМZ, 41-годишната Бритни пристигнала во ресторанот со Сем Ашгари и телохранител.
Пејачката се разгневила кога неколку луѓе извадиле телефони и почнале да ја фотографираат. Тогаш почнала да вика и да зборува неповрзани работи, а Сем, засрамен од ситуацијата, го напуштил ресторанот.
На видеото се гледа како Бритни седи сама на масата и зборува нешто нејасно, а притоа пробува да си го скрие лицето со мени.
Пејачката го напуштила ресторанот кратко откако било снимено видеото, а нејзиниот телохранител ја платил сметката.
Викендов видеото стана вирално, по што Бритни сподели свое видео на кое танцува во бел фустан. Во еден миг, таа покажува и среден прст кон камерата.
На видеото нема опис, а опцијата за коментирање е исклучена.
https://www.instagram.com/p/Cna5gtzv6k9/
Неколку часа подоцна, Бритни сподели и илустрација со долг опис во кој зборува за бизарното видео, истакнувајќи дека била малку пијана.
„Сигурна сум дека предизвикав милијарда насмевки бидејќи изгледав како Шрек во ресторан. Дури и мојата најдобра пријателка едвај чекаше да ми го испрати…
Знам дека некои се возбудени за тоа што сум била малку пијана во ресторан. Како да го гледаат секое мое движење.
Поласкана сум што ме претставуваат како манијак, а потоа зборуваат за негативните работи што ми се случија во минатото!“
На крај, пејачката вели дека знае дека на никој не му е грижа што прави.
И на оваа објава е исклучена опцијата за коментирање.
Засега, Сем Ашгари се нема огласено во врска со чудното видео, но неодамна прозборе за гласините дека ја контролира Бритни.
Пред Бритни да ги исклучи коментарите на Инстаграм, повеќето фанови ја споделуваа нивната загриженост дека Сем ја користи за пари, како и дека ја контролира.
Во интервју за ТMZ, тој сподели дека тоа не е воопшто точно.
„Не, јас не контролирам ни што ќе јадеме за вечера. Во минатото се случуваа многу работи, па разбирам од каде потекнува сомнежот на фановите.
Тие само сакаат да ја заштитат. Ако ништо друго, тие се навистина добри фанови“.
Сепак, во друго интервју, Сем откри дека многу работи во нивниот брак не се најдобри.
Младиот актер сподели дека Бритни не била „потполно присутна“ на нивната венчавка, како и дека не е многу среќен што пејачката споделува голи фотографии.
Во врска со видеото од ресторанот, многумина ја бранат Бритни, истакнувајќи дека нејзината реакција е сосема нормална штом некој сакал да ја фотографира без нејзина дозвола.
„Јасно е дека е гневна бидејќи некој ја снима, ова не е чудно“.
„Воопшто не се однесува манично. Само не сака некој да ја снима“.
„Искрено, и јас би се разгневил ако отидам во ресторан и некој почне да ме снима“.
Спирова С. | Црнобело