Памела Андерсон прозборе за серијата инспирирана од скандалот со секс-снимката: „Згрозена сум, ми се отворија старите рани“
- Детали
- четврток, 12 јануари 2023
„Серијата е многу болна за Памела, но и секој што ја сака. Шокантно е што беше снимена без нејзина дозвола. Памела се чувствува злоупотребено и серијата ѝ враќа многу болни сеќавања“, вели извор близок до актерката за мини-серијата чие дејство се фокусира на скандалот со секс-снимката со Томи Ли.
Во 2022 година почна да се емитува мини-серијата Pam & Tommy каде што главните ликови се Памела Андерсон и Томи Ли.
Дејството на серијата се фокусира на периодот кога во јавност протече секс-снимката на парот, но сега Памела Андерсон открива дека таа не дала никаква дозвола за ова трауматично искуство да биде прикажано на телевизија.
Актерката била згрозена, а серијата само ѝ ги отворила старите рани.
„Ја блокирав украдената снимка за да можам да преживеам, и сега кога сето тоа повторно се враќа, згрозена сум“.
Сцена од серијата
Моментално Памела работи на свој документарец – Pamela, a Love Story – кој ќе почне да се емитува на Нетфликс на 31-ви јануари.
Во трејлерот се споделени неколку инсерти од документарецот во кои Памела зборува за серијата и за секс-снимката од 1996 година.
За потсетување, снимката на Памела и Томи Ли беше украдена, продадена и објавена без дозвола на парот.
Ова, секако, имаше ужасно влијание врз репутацијата и кариерата, но и менталното здравје на Памела.
Во трејлерот, актерката открива дека тој период воопшто не можела да спие.
Според извор на Entertainment Tonight, серијата само ја потсетувана траумите:
„Серијата е многу болна за Памела Андерсон, но и за секој што ја сака. Шокантно е што серијата е снимена без дозвола од неа. Памела се чувствува злоупотребено и серијата ѝ враќа многу болни сеќавања“.
Сцена од серијата
Дур и неколку познати личности застанаа на страната на Памела, вклучувајќи ја и Кортни Лав (сопругата на Курт Кобејн), која ја прекори и Лили Џејмс – актерката што ја глуми Памела:
„Сочувствувам со Памела. Ѝ предизвикуваат уште толку трауми. И, срамота за Лили Џејмс, која и да е“.
Кортни Лав
Со новиот документарец, Памела сака да ја раскаже својата страна на приказната и да си ја подобри лошата репутација.
Таа смета дека не била почитувана, а многумина не ја сфаќале сериозно како актерка, само поради ситуација во која самата е всушност жртва.
„Пробав да ја изградам кариерата од малите парчиња што останаа. Но, јас не сум дама на која ѝ треба помош. Ми се случувале луди ситуации и сум ги преживеала“.
Актерката вели дека повеќето мажи си замислуваат дека е „плејбој зајачица или нешто слично“, а потоа се разочарани и ја мразат кога ќе сфатат дека тоа не е воопшто точно.
„Не ми е грижа што мислат другите, бидејќи можев да го правам само тоа. Ако се грижев за туѓото мислење, немаше да бидам овде“, вели таа во трејлерот.
Трејлерот за документарецот на Памела во продолжение:
Спирова С. | Црнобело