Ким Кардашијан покажа како ѝ изгледа косата во реалноста, по бројните бланширања и екстензии (видео)

Долгата руса коса на Ким Кардашијан е всушност перика и екстензија, а вистинската коса на ријалити ѕвездата е кратка и видно оштетена од бројните фарбања и експерименти со фризурата.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-01.jpg

Каде и да се појави, косата на Ким Кардашијан секогаш изгледа совршено. Без разлика дали е црнокоса или русокоса, сите секогаш завидуваме на бујната коса на ријалити ѕвездата.

Но, истовремено, на сите ни е јасно дека, најверојатно, во поголемиот дел од времето, Ким носи перика или барем екстензии за коса.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-05.jpg

На постарите фотки и видеа од Ким, навистина можеме да ја видиме нејзината природна, бујна коса, но се чини дека честото експериментирање со фризурите си има и свои последици.

Периодов Ким се појавува со многу долга, руса, речиси бела коса, а сега откри дека тоа е само перика.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-07.jpg

Ријалити ѕвездата сподели видео на ТикТок на кое покажува како всушност изгледа нејзината природна коса.

Во видеото, Ким е во лежерно издание со пижами, а покрај неа се појавува и ќерка ѝ Норт.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-04.jpg

Нејзината коса, пак, иако е руса, достигнува едвај до рамената.

Косата на Ким е влажна, но сепак се познава дека е оштетена и ретка, најверојатно поради многуте експерименти со фризурите.

@kimandnorth

 

♬ original sound - ✰ Christmas sounds ✰

Всушност, Ким самата се пофали дека за Мет галата ја бланширала косата, а целиот процес траел 14 часа.

Претходно Ким имаше многу темна коса и обично се потребни неколку фарбања во период од неколку месеци за да се добие нијансата што ја има сега.

Но, таа ги направила сите третмани во еден ден.

„Сакав физичка промена, па поминав цел ден во фарбање на косата – 14 часа – за да ја добијам совршената боја“, сподели таа по Мет галата.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-02.jpg

Неодамна, ријалити ѕвездата сподели и дека дури сега, на 42-годишна возраст, ќе почне да си дозволува да се опушта.

„Почнав да пијам малку на 42 години – кафе и алкохол. Мислам дека треба малку да се опуштам. Ми се чини дека многу работам“, изјави Ким, додавајќи дека се чувствува непријатно кога седи и не прави ништо.

kim-kardashijan-pokazha-kako-izgleda-kosata-vo-realnosta-po-brojnite-blanshiranja-i-ekstenzii-video-06.jpg

„Па, сега минувам време со пријателите, пијам по некоја пијачка и останувам до подоцна. Претходно веројатно не би го направила ова“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Ако носат телефон, следува отказ - Бизарните правила на Ким Кардашијан за дадилките Штом почнат да работат за неа добиваат два прирачници: еден за облекување и еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg