Блејк Лајвли го покажа трудничкиот стомак и се пошегува: „Вежбам со месеци, нешто не функционира“
- Детали
- вторник, 03 јануари 2023
Блејк Лајвли објави пред и потоа фотка со нејзиниот тренер – на првата е во фит форма, а на втората го покажа трудничкиот стомак во четвртата бременост и се пошегува: „Нешто не функционира со програмава за вежбање“.
35-годишната актерка неколкупати се појави на настани во текот на четвртата бременост и секојпат блескаше со својот изглед.
Иако ретко објавува фотки од бременоста, таа на Инстаграм сподели пред и потоа фотка со нејзиниот фитнес тренер.
На едната фотка е во хеланки и во топ форма, а на втората фотка е застаната во иста поза, но овојпат во удобни тренерки и со разголен труднички стомак.
Како и секогаш, таа не пропушти шанса да се пошегува со своите фанови: „Ја вежбам програмата на Дон Саладино со месеци. Нешто не функционира...“
Инаку, Блејк и Рајан досега имаат три ќерки, а уште го немаат откриено полот на четвртото бебе кое го очекуваат.
Тие се еден од омилените холивудски парови, токму заради нивната искреност, приземност, јавно искажување љубов, но и смисла за хумор.
15 факти кои покажуваат зошто сите сакаме љубов како на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
М. М. | Црнобело