15 факти кои покажуваат зошто сите сакаме љубов како на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
- Детали
- недела, 05 септември 2021
-->
Не се разделуваат на подолго од една недела, постојано се шегуваат еден со друг и сакаат огромно семејство со барем пет деца - секој би посакал љубов како на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се можеби најзабавниот холивудски пар. Заедно се речиси 10 години, досега не сме слушнале за никакви драми во нивната врска, а кога, пак, ќе се појават такви гласини, тие со задоволство ги исмејуваат.
-->
Парот е можеби најпознат по шегите што ги кажуваат на своја сметка, кои само потврдуваат колку е всушност силна нивната љубов.
Сите барем еднаш сме посакале љубов како на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, а во продолжение неколку факти кои покажуваат зошто:
Кога се запознаа на сетот на Green Lantern во 2010-та, Блејк беше во врска со Леонардо ди Каприо, а Рајан во брак со Скарлет Јохансон. Поради ова, на почетокот беа само многу добри пријатели.
Иако извесен период ја криеја врската од јавноста, Блејк и Рајан почнале да се гледаат веднаш штом се разделиле од поранешните партнери.
Уште на почетокот на врската купија заеднички дом, а во 2012-та се венчаа тајно, далеку од очите на јавноста со прослава со само 30-тина гости.
-->
-->
На свадбата, Блејк си ја изгорела венчаницата од огнометите, но Рајан ја утешил со зборовите: „Ова е прекрасно, засекогаш ќе го помниш овој момент, како музиката свиреше и сите огномети. Мигот засекогаш ќе ти остане „запишан“ на венчаницата“.
-->
Кога го прашуваат Рајан за животот со Блејк, тој само вели дека зборовите не се доволни за да ги искаже неговите вистински чувства кон актерката.
Тие важат за еден од најдобро облечените парови во Холивуд.
-->
И Рајан и Блејк потекнуваат од големи семејства, па поради тоа сакаат многу деца. Досега парот има три ќерки, но велат дека сонуваат за барем пет нивни деца. Истовремено, тие ги држат децата настрана од очите на јавноста и со нив речиси и да нема фотографии.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг
Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа
Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...