Блејк Лајвли блеска во четвртата бременост – го истакна трудничкиот стомак и одржа емотивен говор за нејзиниот сопруг (фото)
- Детали
- недела, 20 ноември 2022
35-годишната актерка блеска и во четвртата бременост, на настан на кој таа одржа емотивен говор за сопругот Рајан Рејнлодс, пред да му додели награда. „Може да дојде од сет, во кал, со лажна крв, во суперхеројско одело, но тато секогаш доаѓа дома“ – рече таа и токму затоа тие со право важат за еден од омилените холивудски парови.
Блејк Лајвли неодамна соопшти дека го очекува четвртото дете со сопругот Рајан Рејнолдс (46) со кој имаат три ќерки, а како и во секоја претходна бременост, таа повторно изгледа беспрекорно.
Освен со својот труднички сјај, Блејк заблеска во светкав фустан на Ralph Lauren, на доделување на престижни кинематографски награди, на кои нејзиниот сопруг беше добитник.
Прекрасната актерка му ја додели наградата на Рајан и одржа емотивен говор со кој уште еднаш докажа зошто се омилен холивудски пар.
Таа зборуваше за неговото срце, неговата филантропија, хумор, интегритет, неверојатна работна етика и неговата грациозност, а дел од овие атрибути нагласи дека ги има стекнато благодарение на неговата татковина Канада, назначувајќи колку за него е важен домот и токму таа конекција го има направено човекот којшто е.
„И сега јас сум негов дом и нашите девојчиња се негов дом. И секогаш брза да стигне дома, независно дали е од другата страна на светот или од состанок во близина, тој е приврзан за домот. Ако дојде дома од сет, а не во неговата облека, би биле многу загрижени. Потопен во кал, со лажна крв или вистинска, лузни, суперхеројски одела или кловновска шминка, тато секогаш доаѓа дома.“
Despite his busy work schedule, @VanCityReynolds is always present at home, says his wife @BlakeLively pic.twitter.com/HQ8uzVPI6h
— The Hollywood Reporter (@THR) November 18, 2022
М. М. | Црнобело