Џорџина го покажа приватниот авион на Кристијано Роналдо – има и спална соба: „Многу сака да се фали со парите“ (фото)
- Детали
- вторник, 03 јануари 2023
По трансферот на Кристијано Роналдо во фудбалскиот клуб Ал Наср, фудбалерот и семејството заминаа во Саудиска Арабија, а Џорџина не ја испушти можноста да сподели фотки од летот со приватниот авион во кој има и огромна спална соба.
Кристијано Роналдо направи трансфер во фудбалскиот клуб Ал Наср, па заедно со Џорџина и децата моментално е во Саудиска Арабија.
Според британскиот медиум The Sun, фудбалерот ќе добива плата од над 200 милиони долари годишно.
Џорџина, пак, не ја испушти можноста да се пофали со луксузниот приватен авион на Кристијано.
28-годишната Џорџина сподели неколку фотки од летот до Саудиска Арабија на кои позира во авионот.
На повеќето фотки, Џорџина позира седната на стол, а на една фотографија во преден план е нејзиниот скап накит.
На последната фотка, Џорџина покажува дека во авионот има и спална соба опремена со голем кревет на кој таа лежи со патики.
Во коментари, повеќето ѝ посакуваат добредојде на Џорџина во Саудиска Арабија, но има и корисници што ја критикуваат, најмногу поради фалењето.
„Не сфаќам зошто некој треба да носи дијамантски ѓердан со хеланки и плетено капче на приватен лет“.
„Џорџина сака да се фали со богатството. Повеќе ми се допаѓа сопругата на Меси. Ми изгледа како поскромна, поелегантна и пообразована жена“.
Парот пристигна во Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, во понеделникот вечер, а фудбалерот беше пречекан од неколку дечиња кои му подарија и букет.
Денес, 3-ти јануари, во Ријад ќе се одржи и церемонија со која Роналдо ќе биде претставен како новиот член на фудбалскиот клуб.
Според Daily Mail, Роналдо и семејството ќе отседнуваат во луксузен хотел во Ријад, додека да најдат нов дом.
Спирова С. | Црнобело