Ким за првпат засенета на божиќната честитка? Клои Кардашијан и Кајли Џенер издоминираа со сексапил
- Детали
- вторник, 27 декември 2022
Клои (38), разочарана од љубовта, но никогаш посекси, за првпат го покажа лицето на синчето што го доби со Тристан Томпсон. Кајли Џенер (25) – поим за женственост и заводливост.
Семејството Кардашијан и годинава позираше заедно за божиќна честитка. Гламурозни и со доминација на црвената боја во нивните стајлинзи, тие беа впечатливи како и секогаш.
Ким Кардашијан се одлучи за долг сребрен фустан, но годинава модно издоминираа Клои Кардашијан и Кајли Џенер.
Клои (38) изгледаше гламурозно со своите две деца, а за првпат барем малку го покажа лицето на синчето што го доби со Тристан Томпсон.
Во црвена тоалета со висок шлиц, таа изгледа подобро од кога било.
Впечалива беше и Кајли Џенер (25), со фустан од брендот Mugler со тантела и висок шлиц. Таа позираше со ќерката Сторми.
Кардашијан семејството во празнично издание:
Ким Кардашијан, Кортни Кардашијан и Кендал Џенер
Кајли Џенер
Kлои Кардашијан
Крис Џенер
С. С. | Црнобело